Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 32

32
Израел го нарушува заветот со Бога
Златното теле
1 # 13,21; 32,23; 5 Мојс 9,9-12; Дела; 7,40-41 А народот, кога виде дека Мојсеј долго време не слегува од планината, се собра пред Арон, и му рече: „Стани и направи ни бог што ќе оди пред нас, зашто не знаеме што се случи со оној човек – со Мојсеј, кој нѐ изведе од земјата египетска.“ 2#Суд 8,24-27Арон им рече: „Извадете ги златните обетки од ушите на вашите жени, синовите ваши и ќерките ваши, и донесете ми ги!“ 3И сиот народ ги извади златните обетки, што им беа на ушите, и му ги донесоа на Арон. 4#20,23; 32,8; 5 Мојс 9,16; Суд 17,3-4; 1 Цар 12,28; 14,9; 2 Цар 10,29; 17,16; Ис 30,22; 42,17; Ос 8,6; Пс 106,19-23; Неем 9,18; Дела 7,41А тој, откако ги зеде од рацете нивни, ги растопи во калапи и од нив излеа теле. И рекоа: „Еве го, Израеле, твојот бог, кој те изведе од земјата египетска.“ 5#2 Цар 10,20А кога го виде тоа Арон, направи жртвеник спроти него, и изјави и рече: „Утре е празник на Господ.“ 6#20,24; 34,15; 4 Мојс 6,14; 25,2; Ез 43,27; Неем 8,12; Дела 7,41; 1 Кор 10,7Утредента, станувајќи рано, принесоа жртви сепаленици и жртви за спасение; и испоседна народот, та јадеа и пиеја, и потоа станаа да играат. 7#10,5-11; 33,1; 1 Мојс 6,11-12; Ез 20,8И му рече Господ на Мојсеј: „Оди поскоро и слези долу, зашто народот твој, кого го изведе од земјата египет­ска, појде по пат на беззаконие. 8#20,4; 22,19; 1 Цар 12,28; Ер 7,26; 16,12; 31,32; Мал 2,8Брзо се отклонија од патот, што им го определив; си направија теле, и му се поклонија, па му принесоа жртви, и рекоа: ‚Еве го, Израеле, твојот бог што те изведе од земјата египетска.‘“ 9#33,3.5; 34,9; 5 Мојс 9,5-7; 10,16; 31,27; 2 Цар 17,14; Ер 7,26; Ос 4,16; Пс 78,8; Неем 9,16; 2 Лет 30,8; Дела 7,51И му рече Господ на Мојсеј: „Гледам дека оној народ е тврдоглав, 10#22,23; 33,3; 4 Мојс 14,12-20; 1 Сам 7,9; Ер 7,16; 11,14; Неем 1,10но сега остави да се разгори гневот Мој против нив и да ги истребам, а од тебе ќе направам голем народ.“ 11#5 Мојс 9,18.26-29; 1 Сам 7,9; Пс 106,23; Неем 1,10А Мојсеј, се помоли пред Господ Бог, и рече: „Зошто се разгорува, Гос­поди, гневот Твој против народот Твој, кого го изведе од земјата египетска со сила голема и рака цврста? 12#4 Мојс 14,13-16; 5 Мојс 9,28Зошто Египќаните да зборуваат и да речат: ‚За зло ги изведе, за да ги убие по планините и да ги истреби од земјата?‘ Нека се смири Твојот силен гнев и немој да го погубуваш народот Твој. 13#1 Мојс 12,7; 15,5; 22,16-17; 26,3; 28,13Сети се на Авраам, Исак и Израел, слугите Твои, на кои им се колнеше, велејќи: ‚Ќе го умножам и преумножам потомството ваше како ѕвездите на небото, и сета оваа земја, за која ви зборував, ќе му ја дадам на потомството ваше; вечно ќе ја владеат.‘“ 14#5 Мојс 9,19; 1 Сам 15,11; 2 Сам 24,16; Ер 18,8; 26,3.19; Амос 7,3.6; Јона 3,10; Пс 106,45; 1 Лет 21,15И Господ се смилува и не му направи зло на народот Свој, како што беше рекол. 15#24,12; 31,18; 34,4.29; 5 Мојс 9,15; 2 Кор 3,3; Евр 9,4Тогаш се врати Мојсеј, слегувајќи од планините; во рацете му беа двете плочи на заветот, испишани од двете страни: и на едната страна и на другата страна беше напишано. 16#24,12; 31,18Плочите беа Божјо дело, и писмото – Божјо писмо, врежано на плочите. 17А Исус, кога го чу гласот на народот што викаше, му рече на Мојсеј: „Борбен повик е во логорот.“ 18Но тој одговори: „Не е тоа вик на победници, ниту, пак, пискот на победени; туку слушам глас на луѓе кои пеат.“ 19#34,1; 5 Мојс 9,16.17; Пс 119,53.158А кога се приближи до логорот и го виде телето и игрите, се разгневи Мојсеј: па ги фрли од рацете свои обете плочи, и ги скрши во подножјето на планината. 20#5 Мојс 7,25; 9,21; 12,3; 2 Цар 23,6; Мих 1,7; 1 Лет 14,12; 2 Лет 34,7Потоа го зеде телето, што го беа направиле, и го изгори во оган и го претвори во прав, а правта ја истури во водата, и им даде од неа да пијат си­новите на Израел. 21И му рече Мојсеј на Арон: „Што ти направи овој народ, та го наведе на толку голем грев?“ 22#1 Мојс 8,21; 5 Мојс 9,24; 2 Цар 21,15; Ер 4,4А Арон му рече: „Не гневи се, гос­подаре мој; ти самиот знаеш дека овој народ му е наклонет на злото. 23#32,1; Дела 7,40Тие ми рекоа: ‚Направи ни бог што ќе оди пред нас; бидејќи не знаеме што стана со Мојсеј, со човекот кој нѐ изведе од земјата египетска.‘ 24А јас им реков: ‚Кој има злато, нека го извади од себе.‘ И го извадија и го донесоа, а јас го фрлив во оган, и го излеав ова теле.“
Казната
25Кога виде Мојсеј дека тој народ станал необуздан – бидејќи Арон беше допуштил да падне во необузданост, пред очите на нивните непријатели, 26#5 Мојс 33,9-11застана Мојсеј на вратата од логорот, и рече: „Кој е Господов, нека дојде кај мене!“ И се собраа кај него сите синови Левиеви. 27#4 Мојс 25,5; Ез 9,5; Мт 10,37; Лк 14,26И тој им рече: „Еве што вели Господ, Бог на Израел: опашете го секој својот меч на бедрото свое, и појдете по логорот, па тргнете од врата на врата и обратно, и секој нека го убие братот свој, ближниот свој и соседот свој.“ 28И постапија синовите Левиеви спо­ред заповедта Мојсеева: и во тој ден изгина народ до три илјади души. 29И Мојсеј им рече: „Денес Му ги посветивте рацете свои на Господ за служба: кој на синот свој, кој на братот свој, за да ви даде денес благослов.“
Мојсеј Го моли Бога да му прости на Израел
30 # 3 Мојс 1,4; 4,20.26; 5,6.10.13.26; 1 Сам 12,20; Пс 25,11; 85,2 А утредента Мојсеј му рече на на­родот: „Направивте голем грев; и сега ќе појдам горе кај Бога, за да молам да ви се прости вашиот грев.“ 31#20,23; 34,9; 5 Мојс 9,18И се врати Мојсеј кај Господ, и рече: „Овој народ направи голем грев, бидејќи си направи бог од злато. 32#4 Мојс 14,19; Мал 3,16; Дан 12,1; Лк 10,20; Рим 9,3И сега прости им го гревот нивни; ако ли, пак, не, тогаш избриши ме и мене од книгата Твоја, во која си ме запишал.“ 33#17,14; Пс 69,28; Дан 12,1; Откр 3,5А Господ му рече на Мојсеј: „Оној, што згрешил пред Мене, него ќе го избришам од книгата Моја. 34#14,19; 15,17; 23,20; 5 Мојс 32,35; Ис 27,1; Ер 5,9; 11,22; Пс 89,32; 99,8Но сега оди, и поведи го тој народ во местото, каде што ти реков. Еве, Мојот ангел ќе оди пред тебе, а кога ќе ги посетам, на нив ќе го навртам гревот нивен.“ 35И го казни Господ народот, за на­пра­веното теле што го излеа Арон.

Селектирано:

Излез 32: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се