Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 21

21
Раѓањето на Исак
1 # 17,15-21; 18,9-15 И Господ милостиво погледна на Сара, како што беше рекол, и постапи Господ со Сара според зборовите Свои. 2Сара зачна и му роди на Авраам син во староста негова, во времето што Господ му го беше објавил. 3И Авраам го нарече синот што му се роди, што му го роди Сара, со името Исак. 4#Дела 7,8И го обреза Авраам синот свој Исак во осмиот ден, како што му беше заповедал Господ. 5Авраам имаше сто години кога му се роди синот Исак. 6Сара, пак, рече: „Господ ми нанесе смеа; кој ќе чуе за мене, ќе ми се смее.“ 7И рече: „Кој би рекол дека Сара на Авраам ќе му дои деца? Зашто му родив син во староста негова.“
Авраам ги истерува Агара и Исмаил
8 # Гал 4,22-31 Детето порасна и беше одбиено од цицање. А Авраам приреди голема гоз­ба во оној ден кога го одбија Исак. 9Виде Сара дека синот на Агара Египќанката, што му го роди таа на Авраам, се потсмева, 10#Јн 8,33-35па му рече на Авраам: „Истерај ја оваа робинка со синот нејзин, зашто синот на оваа робинка не бива да стане наследник со мојот син Исак!“ 11А тоа на Авраам му причини голема мака, поради синот негов. 12#Рим 9,7; Евр 11,18Но Бог му рече на Авраам: „Нека не ти е криво заради детето и робинката! Сѐ што ќе ти рече Сара, послушај го гласот нејзин, зашто по Исак ќе произлезе потомството твое. 13А и од синот на робинката ќе издигнам народ, зашто тој е семе твое.“ 14И Авраам стана утредента рано, зе­де леб и мев со вода, и ѝ даде на Агара, ставајќи ѝ го тоа на грб, и детето, па ја отпушти. И таа тргна и се за­скита по пустината кај Вирсавија. 15#1 Цар 19,3-4А кога снема вода во мевот, таа го остави детето под една грмушка, 16а самата отиде далеку, колку што со стрела може да се дофрли, и седна спроти него; зашто велеше: „Не можам да ја гледам смртта на моето дете!“ И седејќи спроти него, почна гласно да плаче. 17#16,7-8Но Бог го чу гласот на детето и ангел Божји ѝ викна на Агара од небото и ѝ рече: „Што ти е, Агаро? Не плаши се, бидејќи Бог го чу гласот на детето оттаму, каде што е. 18#17,20Стани, крени го детето и фати го за рака; зашто од него ќе направам голем народ.“ 19И Бог ѝ ги отвори очите, и таа виде извор со вода; и отиде, па го наполни мевот со вода, и го напои детето. 20А Бог беше со детето, и тоа порасна, и заживеа во пустината, и стана стре­лец со лак. 21Тоа живееше во пустината Фаран. И мајка му негова му зеде жена од земјата египетска.
Авраам склучува сојуз со Авимелех
22 # 26,26-33 Во тоа време Авимелех, во при­друж­ба на Пихол, војводата негов, му рече на Авраам: „Бог е со тебе во сѐ што правиш. 23#Евр 11,9А сега заколни ми се овде во Бога дека нема да ми напакостиш ни мене, ни на синот мој, ниту на внукот мој; туку дека ќе постапуваш добро со мене и со земјата, во која си гостин, како што постапував јас со тебе.“ 24И рече Авраам: „Се заколнувам!“ 25Тогаш Авраам го прекори Ави­ме­лех за изворот што го беа присвоиле слугите Авимелехови. 26А Авимелех рече: „Не знам кој го направи тоа; ниту ти ми кажа, ниту, пак, чув за тоа до денес.“ 27#31,44-45А Авраам зеде ситен и крупен до­биток, и му ги подари на Авимелех, и тие двајца склопија сојуз. 28Потоа Авраам одвои седум јагниња од стадото. 29А Авимелех му рече на Авраам: „Зошто се овие седум јагниња што ги одвои?“ 30Авраам, пак, одговори: „Прими ги од моја рака овие седум јагниња, за да ми бидат сведоштво дека јас сум го ископал оној кладенец.“ 31#26,33Затоа она место се нарече Вир­са­вија, бидејќи тука се заколнаа обајцата. 32Откако склопија сојуз во Вирсавија, Авимелех и Пихол, војводата негов, се кренаа и се вратија во земјата филистеј­ска. 33#4,26; Ис 40,28И Авраам насади шумичка во Вир­савија, и таму го призва името на Гос­под, Вечниот Бог. 34Авраам живееше во земјата филистејска како придојден долго време.

Селектирано:

Создавање 21: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се