Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 28

28
1 # 26,35; 2 Мојс 34,15-16; 5 Мојс 7,3-4; Езд 10; Неем 13,23-30 Затоа Исак го повика Јаков, го благослови, и му заповеда, ве­лејќи: „Немој да земеш жена од ќер­ките ханански! 2#27,41-45Стани, па оди во рамнината Арам, во домот на Ветуил, таткото на твојата мајка, и оттаму земи си жена, од ќер­ките на Лаван, братот на мајка ти. 3#17,4-5И семоќниот Бог нека те благо­слови, и нека те издигне и нека те у­множи, та од тебе да настанат многу народи. 4Да ти го даде благословот на Ав­раам, мојот татко, тебе и на потомството твое по тебе, за да ја наследиш земјата, во која си придојден, а која Бог му ја даде на Авраам!“ 5Така Исак го испрати Јаков, и тој отиде во рамнината Арам кај Лаван, синот на Ветуил Арамеецот, кај братот на Ревека, мајката на Јаков и Исав. 6Кога Исав виде како Исак го благослови Јаков и го испрати во рам­нината Арам оттаму да си земе жена, и како благословувајќи го, му заповеда: „Не земај жена од ќерките ханански“, 7и дека Јаков го послуша таткото свој и мајка си, и замина за рамнината Арам; 8Исав разбра дека ќерките ханански не му се по волја на Исак, таткото негов. 9#25,12И отиде Исав кај Исмаил, и ја зеде за жена Махалата, ќерката на Исмаил, синот Авраамов, сестра Навајотова.
Сонот на Јаков
10 # Ос 12,5 Јаков, пак, ја напушти Вирсавија и отиде во Харан, 11па најде едно место, и таму пре­ноќева, бидејќи сонцето беше зашло. И зеде еден камен од тоа место, и си го кладе под главата, па заспа на тоа место. 12#Јн 1,51И виде сон: ете, скала стои на земјата, а со врвот допира до небото, и ангели Божји се качуваа по неа и слегуваа. 13А ете, Господ стоеше на неа, Кој му рече: „Јас сум Господ Бог на таткото твој Авраам и Бог Исаков. Оваа земја, на која лежиш, ќе ти ја дадам тебе и на потомството твое; 14#12,3; 13,14-15; 14,5-6; 18,18; 22,17-18; 26,4а потомството твое ќе биде колку песокот на земјата; ти ќе се рашириш на запад и на исток, и на север и на југ, и сите племиња на земјата ќе бидат благословени поради тебе и поради потомството твое. 15#26,3; 31,3-5И еве, Јас сум со тебе, и ќе те чувам насекаде каде и да појдеш, и ќе те вратам во оваа земја, и нема да те оставам сѐ додека не го извршам она што сум ти рекол.“ 16А кога се разбуди Јаков од сонот, си рече: „Сигурно е Господ на ова место; а јас не знаев!“ 17#2 Мојс 3,5; 19,12Се уплаши и рече: „Колку е страшно ова место! Ова е дом Божји, ова е вратата небеска!“ 18#35,14; 2 Сам 18,18И стана Јаков утредента рано, го зеде каменот, што го беше ставил под глава, и го постави како спомен, па го прелеа со масло. 19#35,6; 48,3; Суд 1,23И тоа место го нарече Ветил; а порано името на овој град му беше Луз. 20#31,13И се зарече Јаков, велејќи: „Ако Бог биде со мене и ме зачува на овој пат, по кој одам, и ако ми даде леб да јадам и облека да се облекувам, 21и се вратам мирно во домот на таткото мој, и ми биде Господ мој Бог, 22#14,20; Амос 4,4тогаш овој камен што го поставив како споменик ќе биде дом Божји. И од сѐ, што ќе ми дадеш, Тебе ќе Ти давам една десетина.“

Селектирано:

Создавање 28: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се