Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 39

39
Јосиф кај Египќанецот Потифар
1 # Пс 105,16-23; Дела 7,9 А Јосиф го одведоа во Египет. И Потифар, дворјанинот фараонов, заповедник на стражата, Египќанец, го купи од Јишмаелците, кои го доведоа таму. 2И Господ беше со Јосиф, та затоа беше среќен, и живееше во куќата од господарот свој, Египќанецот. 3#26,3; 1 Сам 18,14; Пс 1,3И господарот негов виде дека е Господ со него и дека сѐ што работеше тој, Господ правеше да успева во рацете негови. 4И Јосиф се здоби со милост кај него, и му служеше. Тој го постави над целиот свој дом, и сѐ што имаше, го предаде во рацете негови. 5#30,27А кога го постави над домот свој и над сѐ што имаше, оттогаш Господ го благослови домот на Египќанецот заради Јосиф; и благословот Господов беше над сѐ, што имаше во домот свој и во полето. 6И остави во Јосифовите раце сѐ што имаше, и не се грижеше веќе за друго, освен за лебот што го јадеше. А Јосиф беше со стројна става и со убаво лице. 7#1 Сам 16,12; Изреки 7,10-23; Проп 7,26; 1 Кор 6,9.13И се случи, по некое време, жената на господарот негов да се загледа во Јосиф, и му рече: „Легни со мене!“ 8А тој одби и ѝ рече на жената од господарот свој: „Ете, господарот мој не се грижи веќе за ништо што има во куќата, туку сѐ што има, ми го предаде мене во рацете. 9#2 Сам 12,13; Пс 51,5Ни самиот не е поголем од мене во својот дом; и тој ништо не ми забранил, освен тебе, зашто си му жена; па како јас да направам толку големо зло и да згрешам пред Бога?“ 10И така таа му зборуваше на Јосиф за тоа секој ден, но тој не ја послуша да легне со неа, ниту се задржуваше кај неа. 11Се случи еден ден тој да дојде во куќата по своја работа, а таму дома да нема никој од домашните. 12#Изреки 5,3-8Тогаш таа го фати за облеката и му рече: „Легни со мене!“ Но тој, оставајќи ја облеката своја во рацете нејзини, избега и си отиде. 13А таа, кога виде дека тој ја остави во рацете нејзини облеката своја и избега, 14ги викна своите домашни, па им рече, велејќи: „Гледајте, ни довел човек Евреин за да нѐ срамоти! Дојде кај мене за да легне со мене, но јас извикав на сиот глас. 15А тој, кога чу дека го подигнав гласот и извикав, ја остави облеката своја кај мене и избега, па си отиде.“ 16И таа ја задржа облеката негова кај себе, додека си дојде господарот во домот свој. 17А тогаш и нему му ја кажа истата работа, велејќи: „Слугата, Евреинот, што го доведе кај нас, дојде кај мене да ме срамоти. 18Но кога чу дека подигнав глас и извикав, тој ја остави облеката своја кај мене и избега.“ 19Кога ги чу господарот негов зборовите на жената своја, која му рече: „Ова ми го направи слугата твој“ – се разгневи многу. 20И го фати господарот Јосиф, па го фрли в затвор, каде што лежеа цар­ски­те затвореници.
Јосиф во затворот
21 # Пс; 105,18-21; 106,46 И тој остана таму, во затворот. Но Господ беше со Јосиф и ја излеа милоста Своја над него и направи да му омили на управникот на затворот. 22И началникот на затворот му ги довери на Јосиф сите затвореници во затворот; и над сѐ што таму се рабо­теше, тој беше наредбодавец. 23#39,5-6И старешината на затворот не надгледуваше ништо што беше во Јоси­фовите раце, зашто Господ беше со него; и сѐ што работеше тој, Господ правеше да успева.

Селектирано:

Создавање 39: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се