Авакум 2
2
Повторен одговор од Господ
1 #
4 Мојс 23,1-6; Ис 21,6-8; Ер 6,17; Ез 3,17 Ќе застанам на стража, ќе се качам на кулата за да набљудувам за да разберам, што ќе ми каже Тој, и што ќе ми одговори на моите поплаки. 2#Ис 8,1; Ер 30,2; Откр 1,19Ми одговори Господ и ми рече: Запиши го видението и одбележи го на плочи јасно, та оној, што ќе чита, да може да го прочита; 3#4 Мојс 23,19; Евр 10,37; 2 Птр 3,4-10зашто видението се однесува на определеното време; тоа зборува за свршетокот и нема да излаже; па, и ако се забави, чекај го, зашто ќе наиде и нема да забави. 4#Рим 1,17; Гал 3,11; Евр 10,38И ете, гордата душа ќе пропадне, а праведникот ќе живее преку верата.
Маки за лошите луѓе
5 #
Ис 5,14; Ер 27,7; Изреки 27,20 Богатството е подмолно; горделивиот нема да се одржи: тој ја раширува устата своја како пеколот, и ненаситен е како смртта; ги собира кај себе сите народи и ги ограбува сите племиња. 6#Ис 5,8; 14,4; Мих 2,4; Лк 6,24-26; Откр 8,13Нема ли сите тие да го земат за приказ и да испеат иронична песна: „Тешко му на оној што без мерка се збогатува, и тоа не со свое? До кога ќе се полниш со запленето богатство?“ 7Нема ли да станат наеднаш оние, што ќе те измачуваат, и нема ли против тебе да се кренат грабители и ти ќе им станеш за грабеж? 8#2,17; Ис 33,1; Ер 30,16Бидејќи си ограбил многу народи, и тебе ќе те ограбат сите други народи, зашто си пролеал човечка крв, зашто си ја разорил земјата, градот и сите што живеат во него. 9#Ис 14,13; Ер 22,13-17; 49,16; Авд 1,4Тешко му на оној, што се лакоми кон неправедни печалби за домот свој, за да го изгради домот свој на високо и така да се запази од раката на злото. 10#1,17; Ис 10,7; 14,20Си нанесол тој срам за домот свој, откако си истребил многу народи, згрешил против душата своја. 11#Лк 19,40Камењата од ѕидовите ќе повикаат и гредите дрвени ќе им одговорат: 12#Ер 22,13; Мих 3,10„Тешко му на оној кој ѕида град врз крв, и што гради тврдини врз неправда!“ 13#Ер 51,58Ете, не е ли тоа од Господ Саваот што народите се трудат за оган и племињата се измачуваат напразно? 14#4 Мојс 14,21; Ис 11,9Зашто земјата ќе се исполни со празнување за славата Господова онака како што водите го исполнуваат морето. 15#1 Мојс 9,20-25Тешко му на оној што го пои ближниот свој со пијалок, измешан со злобата своја, за да ја види голотијата негова! 16#Ис 51,17; Ез 23,32-33; Пс 75,8; Плач 4,21Ќе бидеш презаситен со срам место со слава; пиј, пак, и ти и покажи ја голотијата своја и кон тебе ќе се сврти десницата Господова и срамот на славата твоја. 17#2,8; Ис 37,24Зашто твоето злосторство против Ливан ќе падне врз тебе, зашто си истребувал уплашени животни, бидејќи си пролевал човечка крв, си ги опустошувал земјата, градот и сѐ што живее во него.
Идолопоклонството е безумие
18 #
Ез 21,26; Ос 3,4; Зах 10,2; 1 Кор 12,2 Каква корист има од резан лик, направен од уметник, од тој излеан лажен учител, макар што вајар, правејќи неми идоли, ќе се надева на делото свое? 19#Ис 40,20Тешко му на оној, кој на дрво вели – „Стани“ – и на нем камен – „Разбуди се.“ Ќе научи ли тој некого на нешто? Ете, тој е опкован со злато и сребро, но жив дух во него нема. 20#Ис 14,7; 41,1; Соф 1,7; Зах 2,17; Пс 11,4; Откр 8,1А Господ е во Својот свет храм: нека замолкне целата земја пред лицето Негово!
Селектирано:
Авакум 2: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: