Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 14

14
Божјиот народ ќе се врати
1 # 56,3.6; 61,5; Ез 37,14; Зах 2,15 Блиску е времето негово, нема да задоцнат дните негови; зашто Господ ќе го помилува Јаков и пак ќе го засака Израел; ќе ги насели во земјата нивна, ќе се присоединат кон нив туѓин­ци и ќе се прилепат кон домот Јаковов. 2#49,22; 66,20; Соф 2,9; Зах 2,13Ќе ги земат народите и ќе ги одведат на местото нивно; домот Израелов ќе ги присвои на земјата Господова ка­ко робови и робинки, ќе ги земе во плен своите пленители и ќе владее над своите угнетувачи.
Смрт на Вавилонскиот цар
3 # 2 Мојс 33,14; Ис.Н. 1,13; 22,4; Ер 30,10 Во оној ден, кога Господ те от­тргна од скрбта твоја, од стравот и од теш­кото ропство, под кое беше заробен, 4#Ер 50,23-24; Ез 26,17; Авак 2,6; Плач 1,1; Откр; 18,9-19ти ќе запееш победничка песна против вавилонскиот цар и ќе речеш: како исчезна мачителот и прекина тиранијата! 5#9,4; Ер 48,17; Пс 125,3Господ го скрши жезолот на нечес­ните, скиптарот на владетелите, 6кој јаросно ги поразуваше народите со бескрајни удари, гневно вла­дееше над племињата свои со неза­држливо прогонување. 7#44,23; Ер 51,48; Авак 2,20; Откр 18,20; 19,1-2Целата земја здивна, почива, вос­кликнува од радост; 8#55,12; 2 Цар 19,23; Ез 31,16и кипарисите се радуваат за тебе и кедрите леванонски, велејќи: откако падна ти, никој не доаѓа да нѐ сече. 9#4 Мојс 16,33; Ез 32,18-32Подземјето одоздола се раздвижи за­ради тебе, за да те пречека при твоето влегување; со тебе се разбудија сите во­дачи на земјата, изместувајќи ги сите цареви незнабожечки од престолите нивни. 10Сите тие ќе ти говорат: и ти стана бессилен како нас! И ти стана сличен на нас. 11#Јов 21,26Гордоста ти е симната во пеколот, со сиот твој шум; под тебе има гнилеж за постилка, а црви се твојата покривка. 12#Лк 10,18; Јн 12,31; Откр 8,10; 9,1; 12,9; 22,16Како падна ти од небото, Денице, сине на зората! Се разби од земјата ти, кој ги угнетуваше народите. 13#Ер 51,53; Пс 48,2; 139,8; Лк 10,15А во срцето свое си велеше: „Ќе се искачам на небото, ќе го издигнам прес­толот свој погоре од Божјите ѕвезди и ќе седнам на гората во соборот на бого­вите, на крајот од северот; 14#1 Мојс 3,5; Ез 28,2; Дан 11,36; 2 Сол 2,4ќе се искачам до висините на обла­ците, ќе бидам рамен на Севиш­ниот.“ 15#Ез 31,16-18; 32,18-32; Мт 11,23Но ти си соборен во пеколот, во дното на јамата. 16Оние што ќе те видат, ќе се загле­даат во тебе, ќе си речат за тебе: тоа ли е човекот, кој земјата ја раз­нишуваше и царства потресуваше, 17вселената во пустина ја претвори и ги разрушуваше градовите нејзини, робовите не ги пушташе по домовите нивни? 18#Јов 3,15Сите царства на народите, сите почиваат со чест, секој во својата гробница; 19#34,3; Ер 8,1; 22,19; 31,40а ти си фрлен надвор од гробот како отпадок, покриен со убиени, погубени со меч, што ги спуштаат во камени гробници, – како изгазен труп, 20#1,4нема да се соединиш со нив во гробот; зашто ти ја разори земјата своја, го уби народот свој: племето на злодејците никогаш нема да се спомне. 21#2 Мојс 34,7Гответе клање за синовите негови поради беззаконието на таткото нивни, за да не востанат и да не завладеат со земјата и да не ја наполнат вселената со непријатели. 22#4,3; 4 Мојс 10,35; Пс 12,5; 68,2; Јов 18,19„И ќе станам против нив, – вели Господ Саваот, – и ќе го истребам името на Вавилон и целиот остаток – и син, и внук, вели Господ. 23#34,11; Соф 2,14Ќе им го дадам во посед на ежо­вите и мочуриштата, ќе го изметам со истребувачка метла, вели Господ Саваот.“
Асирија ќе биде казнета
24 # 40,8; Изреки 19,21 Со клетва вели Господ Саваот: „Ка­ко што намислив, така и ќе биде; како што решив, така и ќе стане, 25#9,3; 10,27; Пс 44,5за да го погубам Ашур во Мојата земја и да го изгонам од Моите гори; ќе падне од нив јаремот негов, и товарот ќе се симне од рамењата нивни.“ 26#Соф 3,8Такво е решението, определено за целата земја, и еве ја раката, протегната врз сите народи; 27#Дан 4,32зашто Господ Саваот решил, и кој може да го измени тоа? Раката Негова е протегната, – и кој ќе ја врати?
Филистејците ќе бидат казнети
28Во годината, кога умре царот Ахаз, имаше вакво пророчко слово: 29#10,5.20; 59,5; 2 Лет 28,18„Немој да се радуваш, земјо филистејска, дека е скршен жезолот, кој те поразуваше, зашто од змискиот корен ќе излезе отровница и плодот нејзин ќе биде змеј што лета. 30#29,19Тогаш најбедните ќе бидат нахра­нети, немоќните ќе си почиваат во безо­пасност; а твојот корен со глад ќе го уморам, и тоа ќе го убие твојот остаток. 31#20,1; Ер 1,13Плачете, порти, викај граде, на глас! Ќе се раздробиш ти, цела земјо филистејска; зашто од север иде дим, нема изморен во нивните војски. 32#Соф 3,12; Пс 87,5; 102,17А што ќе соопштат известувачите народни? – Тоа дека Господ го утврдил Сион, и дека во него ќе најдат засолниште сиромасите од народот Негов.“

Селектирано:

Исаија 14: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се