Исаија 63
63
Господ е Победник над народите
1 #
34,1-17; 5 Мојс 2,5; Откр 19,13 Кој е Оној, Кој иде од Едом, во црвена облека од Восор, Кој е толку величествен во облеката Своја, Кој пристапува во полната сила Своја? – „Јас сум, Кој изрекувам правда и сум силен да спасувам.“ 2Зошто Твојата облека е црвена, и твоите облеки – како на оној, што газел во каца? 3#41,28; Јоил 4,13; Откр 14,19-20; 19,15„Јас газев во каца Сам, и никој од народите не беше со Мене; Јас ги газев во гневот Свој и ги газев во јароста Своја; крвта нивна Ми ја прскаше облеката Моја; ја извалкав целата облека Моја; 4#34,8; Ос 9,7зашто денот за одмазда е во срцето Мое, и годината на искупените од Мене настапи. 5#59,16; Пс 69,20; 98,1Јас гледав – и немаше помошник; се чудев, зошто немаше кој да Ме поткрепи; но Мојата рака Ми помогна, и Мојот гнев – тој Ме поткрепи: 6#49,26и во гневот Свој ги згазив народите, ги уништив во јароста Своја и ја излеав на земјата крвта нивна.“
Добрината на Господ
7 #
Пс 13,5; 89,2; 145,7 Ќе се сеќавам на милоста и славата Господова, за сѐ што Господ ни дарува, за големата Негова благост кон домот Израелов што Тој ја укажа по милосрдноста Своја и по многуте добрини Свои. 8#5 Мојс 14,1-2; 32,5Тој рече: „Навистина, тие се Мој народ, деца што нема да изневерат,“ – и Тој ќе биде нивни Спасител. 9#46,3-4; 2 Мојс 19,4; Ер 31,3; Ос 3,1; Мал 3,17Во секоја нивна жалост Тој не ги оставаше и Ангелот на Неговото присуство ги спасуваше#63,9 или Не праќаше ниту пратеник, ниту ангел, туку Сам ги спасуваше.; со Својата љубов и добросрдечност Тој ги искупи, ги зеде и ги носеше во текот на сите древни дни. 10#4 Мојс 20,10; 5 Мојс 32,15; Плач 2,5; Ефес 4,30Но, тие се одметнаа и Го огорчија Неговиот Свет Дух; затоа Тој им стана непријател, така што Сам војуваше против нив. 11#2 Мојс 2,1-10; 4 Мојс 11,17; Ер 2,6; Неем 9,20; Евр 13,20Тогаш народот Негов си спомна за древните дни, деновите на Мојсеј: каде е Оној што ги изведе од морето со пастирот на Своите овци? Каде е Оној што Го вложи во неговото срце Својот Свет Дух? 12#2 Мојс 14,5-31; Пс 135,13Кој го водеше Мојсеј за десната рака со Својата величествена сила и ги раздели пред нив водите, за да си создаде вечно име? 13#51,10; Пс 106,9Кој ги водеше преку бездни, како коњ по степи и тие не се сопинаа? 14#2 Сам 7,23; Пс 77,20Како што стадо слегува во долина, – така Духот на Господ ги води кон покој. Така и Ти го водеше Својот народ, за да си создадеш славно име.
Молитва за помош
15 #
64,7-11; Ер 31,20; Ос 11,8; Пс 80,14; 102,20 Ѕирни од небесата и погледни од Твоето живеалиште на светињата Твоја и на славата Твоја: каде се ревноста и силата Твоја? Големата Твоја милосрдност и милоста Твоја кон мене престанаа. 16#5 Мојс 1,31; 32,6; Пс 74,12; Мт 6,9; 23,9Само Ти си Отец наш; зашто Авраам не нѐ познава, ниту Израел нѐ признава за свои; Ти, Господи, си наш Отец, отсекогаш Твоето име е: „Искупител наш.“ 17#64,4; 5 Мојс 32,9; Пс 90,13Зошто Господи, си допуштил да се отстраниме од Твоите патишта, да се ожесточи срцето наше, за да не се плашиме од Тебе? Сврти се заради Твоите слуги, заради племињата на Твоето наследство. 18#64,10; Ер 51,51; Пс 74,3; Лк 21,24Кратко време владееше над него народот на Твојата светиња: непријателите наши го изгазија твоето светилиште. 19#5 Мојс 28,10; Ер 14,9; Пс 144,5; Мк 1,10; 15,38; Откр 19,11Ние станавме такви, како над кои никогаш да не си владеел, и над кои името Твое да не се спомнувало. О, да беше ги раскинал Ти небесата и да беше слегол! Горите би се стопиле од лицето Твое!
Селектирано:
Исаија 63: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: