Јаков 4
4
Против неслогата
1 #
Рим 7,23; 1 Птр 2,11 Од каде се војните и расправиите меѓу вас? Не оттаму ли – од вашите похоти, кои се борат во органите ваши? 2Пожелувате и немате; убивате и завидувате, и не можете да добиете; се препирате и војувате, а немате, бидејќи не се молите. 3#1,5Просите, а не добивате, зашто зло барате, за да го трошите во вашите похоти. 4#Ос 3,1; Мт 12,39; 16,4; Рим 8,7; 1 Јн 2,15Прељубодејци и прељубодејки, не знаете ли дека пријателството со овој свет е непријателство на Бога? Зашто, кој сака да му е пријател на светот, му станува непријател на Бога. 5#1 Мојс 6,3; 2 Мојс 20,5Или, пак, мислите дека Писмото напразно зборува: „Со ревност го љуби духот што го вселил во нас.“ 6#Изреки 3,34; Мт 23,12; 1 Птр 5,5Но Тој дава поголема благодат; затоа е речено: „Бог се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат.“ 7#Ефес 6,12-13; 1 Птр 5,8-9Па затоа, покорете Му се на Бога; а противете се на ѓаволот, и тој ќе побегне од вас. 8#Ис 1,16; Зах 1,3; Мал 3,7Приближете се кон Бога, и Тој ќе се приближи кон вас; исчистете ги рацете, грешници, поправете ги срцата свои, непостојани! 9Бидете нажалени и плачете и липајте: смевот ваш нека се претвори во плач, а радоста во тага! 10#Јов 5,11; 1 Птр 5,6Понизете се пред Господ и ќе ве подигне!
Кој си ти да го судиш ближниот?
11Не озборувајте се еден со друг, браќа: зашто, кој го озборува братот свој или го суди, тој го напаѓа Законот и го суди Законот. А ако, пак, го судиш Законот, тогаш ти не си извршител на Законот, туку судија. 12#Рим 2,1; 14,4Еден е Законодавецот и Судијата, Кој може да спаси и погуби: а ти, кој си што осудуваш друг?
Лоша самодоверба
13 #
Изреки 27,1; Лк 12,18-20 Слушајте сега вие, кои велите: „Денес или утре ќе тргнеме во оној град и таму ќе останеме една година, ќе тргуваме и ќе спечалиме“, 14вие, кои не знаете што ќе стане утре. Што е вашиот живот? Тој е пареа, која се појавува за кратко време, па исчезнува. 15#Дела 18,21; Рим 1,10; 1 Кор 4,19Место да велите: „Ако сака Господ да бидеме живи, ќе направиме тоа и тоа.“ 16А сега се фалите со својата гордост. Секоја таква фалба е зла. 17#Лк 12,47И така, грев е за оној кој знае да прави добро, а не го прави.
Селектирано:
Јаков 4: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: