Еремија 1
1
Еремија повикан за пророк
1 #
32,7
Зборови на Еремија, – син на Хелкија, еден од свештениците кој живееше во Анатот, во земјата Венијаминова, – 2кому му беше упатено слово Господово во времето на Јошија, син на јудејскиот цар Амон, во тринаесеттата година од царувањето негово, 3#52,15а и во деновите на Јоаким, синот на јудејскиот цар Јошија, до крајот на единаесеттата година од царувањето на Седекија, син на јудејскиот цар Јошија, до поробувањето на Ерусалим во петтиот месец.
Нашите ограничени способности не се пречка за Бога
4И ми беше упатено слово Господово: 5#Амос 3,2; Јн 10,27; Ис 42,1„Пред да те обликувам во утробата, Јас те познавав, и пред да излезеш од утробата, те посветив: те поставив за пророк на народите.“ 6Јас, пак, одговорив: „О, Господи Боже, не умеам да говорам, зашто сум уште млад.“ 7#Ис 6,7-8; Ез 2,3-7Но Господ ми рече: „Не вели: – млад сум; – зашто до сите до кои ќе те испратам ќе одиш и сѐ што ќе ти заповедам ќе кажеш. 8#1,19Не плаши се од нив; зашто Јас сум со тебе, за да те избавам“, рече Господ. 9#Ис 6,7; Ез 2,9; Дан 10,16И ја протегна Господ раката и се допре до устата моја; и ми рече Господ: „Ете, Јас ги ставив Моите зборови во устата твоја. 10#Дела 9,15Гледај, Јас те поставив денес над народи и царства, за да искоренуваш и разурнуваш, да погубуваш и да разрушуваш, да ѕидаш и да насадуваш.“ 11#Амос 8,2И пак беше упатено слово Господово до мене: „Што гледаш, Еремија?“ Одговорив: „Гледам гранка од бадемово дрво.“ 12#31,28; Дан 9,14Господ ми рече: „Добро гледаш, зашто Јас бдеам над Моето слово, за да се изврши.“ 13И по вторпат беше упатено слово Господово кон мене: „Што гледаш?“ Одговорив: „Гледам котел што врие, а отворот му е кон север.“ 14И ми рече Господ: „Од север ќе букне злото врз сите луѓе што живеат на земјата. 15#25,9; Ис 5,26Зашто, ете, Јас ќе ги свикам сите племиња на северните царства – вели Господ – и тие ќе дојдат, и секој ќе го постави престолот свој при влезот на ерусалимските порти, околу сите ѕидишта негови и во сите јудејски градови. 16#2,13; 4,12; 44,3И ќе го изречам судот Свој врз нив за сите нивни беззаконија, затоа што Ме оставија и кадеа темјан на други богови и им се поклонуваа на идоли, дела од нивните раце. 17#25,6; 2 Цар 22,17А ти препаши ги бедрата свои и стани, та кажи им сѐ што ќе ти заповедам; не треси се пред нив, за да не те стресам Јас пред очите нивни. 18#15,20; Ис 50,7; Ез 3,8; Мих 3,8И ете, Јас те поставив денес како утврден град, како железен столб и како бронзен ѕид против сите цареви Јудини и кнезовите на целата таа земја, против свештениците негови и против народот на таа земја. 19#15,20; Соф; 3,14-18Тие ќе војуваат против тебе, но нема да те победат; зашто Јас сум со тебе, за да те избавувам“ – вели Господ.
Селектирано:
Еремија 1: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: