Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 12

12
Поплаките на Еремија
1 # Пс 119,137; Плач 1,18; Авак 1,13; Пс 73,3-12; Јов 12,6 Праведен си Ти, Господи, зар би се спорел со Тебе; но ќе прого­ворам за судовите Твои. Зошто патот на безбожниците е успешен и зошто под­лите живеат во мир? 2#9,7; Пс 62,4; Мк 7,6Ти ги посади, и тие се вкоренија и израснаа, па и плод даваат; во устата нивна Ти си близок, но далеку си од срцето нивно. 3#11,20; Пс 139А мене, Господи, Ти ме познаваш, Ти ме гледаш и го испитуваш срцето мое – тоа е со Тебе. Одвои ги како овци за клање и приготви ги за денот, кога ќе бидат убиени. 4#23,10; Ос 4,3; Јоил 1,10; Плач 1,4До кога ќе тагува земјата, и ќе се суши тревата по сите полиња? Доби­токот и птиците гинат поради беззаконијата на жителите нејзини; зашто велат: Тој нема да види што ќе правиме ние.
Господ одговара
5Кога трчаше со пешаците и тие те изморија, како можеш тогаш да се натпреваруваш со коњи? И ако не беше спокоен во мирна земја, што ли ќе пра­виш, кога ќе надојде Јордан? 6#Лк 21,16Зашто и браќата твои, и домот на таткото твој, те оговараат и зад твојот грб те оцрнуваат! Не верувај им и кога зборуваат добро за Тебе!
Гневот на Господ
7Јас го оставив Мојот дом, го напуш­тив наследството Свое; најмилото на душата Моја го предадов во рацете на непријателите негови. 8Моето наследство стана за Мене ка­ко лав во гора: крена глас против Мене – затоа го замразив. 9#Лк 17,37Наследството Мое стана како птица шарена, врз која од сите страни се нафрлуваат други грабливи птици. Оде­те, собирајте се сите полски ѕверови, одете да го изедете. 10Многу пастири го растурија Моето лозје, го изгазија со нозе делот Мој: Мојот драг дел го направија гола пусте­лија, – 11#Ис 42,25; 57,1го направија пустина, и тој запусте, плаче пред Мене; целата земја ја опустошија, но никој не го зема тоа при срце. 12#46,10; Ис 34,5По сите гори во пустината дојдоа пустошници, зашто мечот Господов уништи сѐ, од едниот крај на земјата до другиот: нема мир за ниедно суштество. 13#4,26Тие сееја пченица, а жнееја трње; се мачеа и никаква полза не добиваа; за­срамете се за трудот свој поради пламениот гнев на Господ.
Господ ќе се смилува и над другите народи
14 # 1,10 Така вели Господ за сите мои лоши соседи, кои го напаѓаа наследството што му го дадов на Мојот народ Из­раел: еве, Јас ќе ги откорнам од земјата и домот Јудин ќе го истргнам од него­вата средина. 15Но, откако ќе ги истргнам, пак ќе ги вратам и ќе ги помилувам, и секого ќе го доведам во неговиот дел и секого – во земјата негова. 16#10,2; 23,7Па, ако ги научат патиштата на Мојот народ, за да се колнат во Мое име, велејќи: „Жив Господ“, како што тие го научија народот Мој да се колне во Ваал, ќе се населат меѓу Мојот народ. 17Ако, пак, не послушаат, ќе ги искоренам и наполно ќе истребам таков народ, вели Господ.

Селектирано:

Еремија 12: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се