Еремија 21
21
Господ против Ерусалим
1Слово, кое дојде од Господ до Еремија, кога царот Седекија го испрати до него Пашхур, синот Мелхиев, и свештеникот Софонија, син на Маасеја, за да му кажат: 2#37,7; 2 Цар 22,13; Пс 105,2.5„Прашај Го Господа за нас, зашто вавилонскиот цар Навуходоносор војува против нас; можеби Господ ќе направи со нас некое од Своите чуда, за да си отиде тој од нас!“ 3И им рече Еремија: ова кажете му го на Седекија – 4вака вели Господ, Бог Израелов – еве, Јас ќе ги свртам назад воените оружја, што се во вашите раце, со кои се биете со вавилонскиот цар и против Халдејците, кои ве опседнуваат наоколу, надвор од ѕидовите и ќе ги соберам во средината на градот; 5#32,37и Сам ќе војувам против вас со протегната рака и со силна десница, со гнев и со јарост и со голема лутина. 6И ќе поразам сѐ, што живее во тој град – и луѓето и добитокот; од голем помор ќе изумрат тие. 7#13,14; 15,5; 16,5А потоа, вели Господ, јудејскиот цар Седекија, слугите негови, народот и сите преживеани од помор во тој град, од меч и од глад, ќе ги предадам во рацете на Навуходоносор, царот вавилонски, во рацете на нивните непријатели и во рацете на оние, кои ја бараат душата нивна, и тој ќе ги сотре со остар меч и нема да ги поштеди, нема да ги пожали и нема да се смилостиви над нив. 8Па кажи му на тој народ – вака вели Господ: еве, Јас поставувам пред вас пат кон живот и пат кон смрт, 9оној, што ќе остане во тој град, ќе умре од меч, глад и помор, а кој ќе излезе и ќе им се предаде на Халдејците, што го опсадуваат, ќе остане жив – животот ќе му биде како воен плен; 10#44,11; 3 Мојс 20,3; Ез 14,8; Амос 9,4зашто Јас го свртев лицето Свое против тој град, вели Господ, за зло, а не за добро; тој ќе биде предаден во рацете на вавилонскиот цар, и тој ќе го изгори со оган.
Предупредување од Господ до царот на Јудеја
11Зборувај и кон домот на јудејскиот цар: чујте го словото Господово – 12#22,3.13; 4,4; 7,20; Амос 5,6; Наум 1,2.6доме Давидов, така вели Господ: делете правда рано изутрина и избавете го угнетуваниот од рацете на угнетувачот, за да не избувне оган од јароста Моја и да се разгори поради вашите лоши дела, што никој не ќе може да го угасне. 13#50,31; Наум 2,14; 3,5Еве, Јас сум против тебе, ти што седиш, како на карпа во долината, вели Господ, против вас сум – вие кои велите: „Кој ќе излезе против нас и кој може да влезе во нашите живеалишта?“ 14#17,10; 21,12Но, Јас ќе ве казнам според плодовите на делата ваши, вели Господ, и ќе запалам оган во вашата гора, која ќе проголта сѐ што постои околу неа.
Селектирано:
Еремија 21: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: