Еремија 25
25
Седумдесет години прогонство
1Слово што дојде до Еремија за сиот јудејски народ, во четвртата година на јудејскиот цар Јоаким, синот Јошиев. Тоа беше првата година на вавилонскиот цар Навуходоносор, 2кое пророкот Еремија го изрече пред сиот јудејски народ и пред сите ерусалимски жители, велејќи: 3од тринаесеттата година на јудејскиот цар Јошија, синот Амонов, па до денес, ете веќе дваесет и три години, доаѓа до мене слово Господово, и јас од рано утро ви зборував, но вие не послушавте. 4#26,5Господ ги праќаше кај вас сите Свои слуги – пророците, од рано утро ги испраќаше, и вие не послушавте и не го наклонивте увото свое за да слушате. 5#35,15Тие ви велеа: „Отклонете се секој од својот лош пат и од своите лоши дела и живејте во земјата, која Господ ви ја даде вам и на вашите татковци од векот довека; 6#7,6.18и не одете по други богови, за да им служите и да им се поклонувате, и не разгневувајте Ме со делата на рацете свои, па нема да ви направам зло.“ 7#32,29; 5 Мојс 31,29Но вие не Ме послушавте, вели Господ, и Ме разгневувавте со делата на рацете свои, за свое зло. 8Затоа, така вели Господ Саваот: поради тоа што не ги послушавте зборовите Мои, 9еве, Јас ќе пратам и ќе ги земам сите северни племиња, вели Господ, и ќе испратам до вавилонскиот цар Навуходоносор, Мојот слуга, и ќе ги доведам против оваа земја и против жителите нејзини и против сите соседни народи; и наполно ќе ги истребам и ќе ги направам за ужас, за потсмев и за вечна пустош. 10#16,9; 33,11И ќе ги прекратам во нив гласот на радоста и гласот на веселбата, гласот на младоженецот и гласот на невестата, звукот од воденичниот камен и светлината од светилото. 11И целата таа земја ќе стане пустина и ужас; и тие народи ќе му служат на вавилонскиот цар седумдесет години. 12#29,10; 2 Лет 36,21А кога ќе се исполнат седумдесетте години, ќе го казнам вавилонскиот цар и оној народ, вели Господ, за нивното беззаконие, и земјата Халдејска ќе ја направам вечна пустина. 13И ќе ги исполнам над таа земја сите Мои зборови, што ги реков против неа, сѐ што е напишано во оваа книга, што Еремија пророчки го кажа против тие народи. 14#17,10; Пс 28,4; 62,12Зашто и нив ќе ги поробат многубројните народи и големи цареви. И Јас ќе им платам според нивните постапки и според делата на рацете нивни.
Божјиот гнев
15Зашто така ми рече Господ, Бог Израелов: земи ја од раката Моја оваа чаша со вино од јарост и напој ги од неа сите народи, кај кои ќе те пратам. 16#25,27; 50,35-37И тие ќе пијат, и нека се смутат и избезумат, кога ќе го видат мечот, што ќе го пратам против нив. 17Ја зедов чашата од раката Господова и ги напоив од неа сите народи, кај кои Господ ме прати: 18Ерусалим и градовите јудејски, и царевите негови, и кнезовите негови, за да ги опустошам и направам ужас, потсмев и проклетство, како што се гледа сега; 19фараонот, египетскиот цар, слугите негови, кнезовите негови и сиот народ негов; 20сиот измешан народ, и сите цареви на земјата Уц, и сите цареви на земјата филистејска, Ашкелон и Газа, Екрон и другите делови на Ашдод, 21Едом, Моав и Амоновите синови, 22сите цареви на Тир и сите цареви на Сидон, царевите над островите, што се наоѓаат отаде морето, 23Дедан, Тема, Буз и сите што ги бричат главите свои, 24сите цареви на Арабија и сите цареви на народите од разни племиња, кои живеат во пустината, 25сите цареви на Замвриј и сите цареви на Елам, сите цареви на Мидија, 26#Наум 3,11сите цареви на север, блиски и далечни, и сите земни царства што постојат на земјата, а царот на Шешах ќе пие по нив. 27#51,64Па кажи им: вака вели Господ Саваот, Бог Израелов – пијте и опијте се, повраќајте и паднете, и не станувајте, кога ќе го видите мечот, што ќе го испратам против вас. 28Ако се откажат, пак, да пијат од чашата од раката твоја, тогаш кажи им: вака вели Господ Саваот – морате да пиете. 29#25,38; 47,6-7Зашто, еве, на овој град, над кој се призива името Мое, почнувам да му нанесувам зло; па зар вие ќе останете неказнети? Не, нема да останете неказнети; бидејќи Јас повикувам меч против сите, што живеат на земјата, вели Господ Саваот. 30#Јоил 4,16; Амос 1,2Затоа пророкувај им ги сите овие зборови и кажи им: Господ ќе загрми од висините и од Своето свето живеалиште; ќе издигне глас, ќе загрми страшно против својот насад; како оние што гмечат грозје, ќе извика против сите, што живеат по земјата. 31#Ос 4,1; Пс 50,6Писок ќе одекнува по сите краишта земни, бидејќи Господ им суди на сите народи: Тој ќе му суди на секое тело, а нечесните ќе ги предаде на меч, вели Господ.
Навестување на зло
32Така вели Господ Саваот – ете, злото ќе мине од народ кон народ, и голем виор ќе се подигне од краиштата земни. 33#Ис 66,16А во оној ден ќе има погубени од Господ од едниот крај на земјата до другиот; тие нема да бидат оплакани, ниту прибрани, ниту погребани, туку ќе бидат како ѓубре по земјата.
Казна за Јудејските водачи
34 #
6,3
Плачете пастири, и офкајте, посипете се со пепел, водачи на стадото; зашто дојдоа деновите ваши, да бидете заклани и расфрлани, па ќе паднете како скапоцен сад. 35#Амос 2,14И не ќе има прибежиште за пастирите и спас за водачите на стадото. 36Ќе се слуша пискот од пастирите и плач од водачите на стадото, бидејќи Господ ќе ги опустоши пасиштата нивни. 37#Пс 94,17Јароста на гневот Господов ќе ги истреби мирните трла. 38#49,19; 4,26; 25,16.29Како лав го остави живеалиштето Свое; а земјата им стана пустина од јароста на пустошникот и од Неговиот огнен гнев.
Селектирано:
Еремија 25: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
![None](/_next/image?url=https%3A%2F%2Fimageproxy.youversionapistaging.com%2F58%2Fhttps%3A%2F%2Fweb-assets.youversion.com%2Fapp-icons%2Fmk.png&w=128&q=75)
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

:
Нагласи
Сподели
Копирај
![None](/_next/image?url=https%3A%2F%2Fimageproxy.youversionapistaging.com%2F58%2Fhttps%3A%2F%2Fweb-assets.youversion.com%2Fapp-icons%2Fen.png&w=128&q=75)