Еремија 3
3
Грев и срам
1Ако мажот си ја остави жената, и таа си замине и стане жена на друг маж, може ли пак да се врати кај него? Нема ли со тоа да се оскверни таа земја? А ти со мнозина милосници блудствуваше, – и при сето тоа ќе се враќаш кај Мене? – вели Господ. 2#1 Мојс 38,14; Ез 16,25; Изреки 7,12– Крени ги очите кон идолските светилишта и гледај каде ли не блудствувале со тебе? Како Арапин во пустина седеше ти по патиштата заради нив, и ја осквернуваше земјата со твојот блуд и со твојата грешност. 3#5,24-25; 14,4; 5 Мојс 28,23; Амос 4,7Заради тоа беа запрени дождовите и немаше пролетен дожд; но ти имаше чело на блудница, – не сакаше да се засрамиш. 4Не викаш ли сега кон Мене: „Оче, Ти беше пријател на младоста моја.“ 5#2,35; 3,12; Ис 64,8Зар Тој вечно ќе се лути, ќе пламти ли вечно гневот Негов? Ете, што зборуваш ти, а вршиш зло и продолжуваш така!
Божјиот повик до Израел
6Господ ми рече во дните на царот Јошија: виде ли ти, што врши отстапницата, ќерката Израелова? Таа оди на секоја висока гора и под секое лиснато дрво, и таму блудствува. 7И откако таа го вршеше сето тоа, Јас мислев дека таа ќе се врати кај Мене, но таа не се врати; и го виде тоа нејзината вероломна сестра Јудеја. 8#Ис 50,1И видов дека, кога заради сите прељубни дејствија на отстапницата, ќерката Израелова, Јас ја напуштив и ѝ дадов разводно писмо, вероломната ѝ сестра Јудеја не се исплаши, туку отиде и сама блудствуваше. 9И со јавното блудно дејствување таа ја оскверни земјата, и прељуба вршеше и со камен и со дрво. 10#Ос 7,13Но при сето тоа нејзината вероломна сестра Јудеја не се обрати кон Мене од сѐ срце, туку само привидно – рече Господ. 11И ми рече Господ: отстапницата, ќерката Израелова, излезе поправа, отколку вероломната Јудеја. 12#2,2; 3,5.18; 5 Мојс 30,2-10; Пс 103,9; Плач 3,31Оди и разгласи ги тие зборови кон север и кажи: – врати се, отстапнице, ќерко Израелова – вели Господ. Јас нема да го излијам врз вас Мојот гнев; зашто Јас сум милостив, – вели Господ – нема вечно да негодувам. 13#Изреки 28,13; 3 Мојс 26,40Признај ја само вината своја: зашто отстапи од Твојот Господ Бог и се одвлечка со туѓинци под секое лиснато дрво, а Мојот глас не го слушаше, вели Господ. 14#3,22; Ос 14,2; 2 Лет 29,6Вратете се деца – отстапници, вели Господ, зашто Јас сум ваш Господар и ќе земам од вас по еден од град и по двајца од племе и ќе ве одведам на Сион. 15#23,4; 1 Сам 2,35И ќе ви дадам според срцето Мое пастири, кои ќе ве пасат со знаење и благоразумност. 16#23,3; 5 Мојс 6,3; Ис 54,1; Зах 10,8И кога ќе се размножите и ќе станете многуплодни на земјата, тогаш, вели Господ, нема повеќе да велите: Ковчегот на заветот Господов, ни на ум нема да им дојде, и нема да се сетат за него, ниту ќе доаѓаат кај него, ниту пак повторно ќе го градат. 17#Ез 43,7; Дела 6,7; Откр 22,3Во тоа време Ерусалим ќе го наречат престол на Господ, и сите народи заради името Господово ќе се соберат во Ерусалим и нема повеќе да постапуваат според тврдоглавоста на своето зло срце. 18Во тие дни Јудиниот дом ќе дојде при Израеловиот дом, и ќе дојдат заедно од северната земја во земјата што Јас им ја дадов во наследство на предците ваши. 19#Ез 20,6; Дан 8,9; 11,16; 2,27; 3,4; Ис 63,16И реков Јас: „Како да те поставам меѓу синовите и да ти ја дадам многу саканата земја, најпрекрасното наследство на многуте народи?“ И мислев: „Ти ќе Ме нарекуваш твој Отец и нема да отстапиш од Мене.“ 20Но, навистина, како што жена вероломна го изневерува сопругот свој, така вероломно постапивте со Мене вие, доме Израелов, вели Господ.
Народот се кае за своите гревови
21Нека се чуе глас по идолските светилишта, жален плач на Израеловите синови, затоа што тие скршнаа од својот пат, Го заборавија Господа, нивниот Бог. 22#3,14; Ос 14,5Вратете се, синови одметници: Јас ќе го излекувам вашето непокорство. – Еве, ние идеме кај Тебе, зашто Ти си Господ, Бог наш. 23#Пс 3,8Навистина, напразно се надевавме на ридовите и на многуте гори; навистина, во нашиот Господ Бог е Израеловото спасение! 24#5 Мојс 28,33Уште од млади години таа гадотија ги уништуваше трудовите на нашите предци, овците и воловите нивни, синовите и ќерките нивни. 25#7,25-28; 22,21; Езд 9,6-7; 2 Цар 18,12Ние лежиме во својот срам, а нашиот срам нѐ покрива, зашто грешевме пред нашиот Господ Бог, – ние и татковците наши, уште од младите години наши дури до овој ден. – И не го слушавме гласот на Господ, нашиот Бог.
Селектирано:
Еремија 3: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: