Јован 16
16
1„Ова ви го кажав за да не се соблазните. 2#9,22; Ис 66,5; Мт 5,11; 10,17; 24,9Ќе ве исклучуваат од синагогите. Па уште и ќе настапи време кога секој што ќе ве убие, ќе мисли дека на Бога Му принесува служба. 3#8,19; 15,21Тоа ќе го прават, зашто не Го познаа Отецот, ниту Мене. 4#2,22; 14,29; 16,25; Мк 13,23; Дела 8,1Но ви го кажав тоа, та кога ќе дојде времето, да се сетите дека Јас сум ви рекол; а од почетокот не ви го зборував ова, зашто бев со вас.“
Задачите на Светиот Дух
5 #
7,33; 13,36 „А сега одам кај Оној Кој Ме испрати, и никој од вас не Ме праша: ‚Каде одиш?‘ 6#16,22Но затоа што ви го кажав ова, срцата ваши се исполнија со тага. 7#14,16.26; 15,26Но Јас вистината ви ја кажувам: подобро е за вас Јас да си отидам, зашто, ако не си отидам, Утешителот нема да дојде кај вас; ако, пак, заминам, ќе ви Го пратам. 8#10,25; Дела 24,25А Тој, кога ќе дојде, ќе го изобличи светот за грев, и за правда, и за суд: 9#5,38; 6,36.64; 8,21-24; 12,37за грев – дека не веруваат во Мене; 10#7,34; 13,1.33; 14,12.19.28; 20,17; Дела 7,52за правда – оти Јас си одам кај Својот Отец, и веќе нема да Ме видите; 11#12,31; 14,30а за суд – зашто кнезот на овој свет е осуден. 12#1 Кор 3,1-2Имам уште многу да ви кажувам, но сега не можете да носите. 13#14,17.26; 15,26; 1 Јн 2,27А кога ќе дојде Тој, Духот на Вистината, ќе ве упати во сета вистина; но од Себе нема да зборува, туку ќе говори што чуе, и ќе ви ја најави иднината. 14#7,39Тој Мене ќе Ме прослави, зашто од Моето ќе земе и ќе ви јави. 15#17,10; Лк 15,31Сѐ што има Отецот, Мое е; затоа и ви реков дека од Моето ќе земе и ќе ви јави.“
Тага и радост
16 #
7,33; 14,19; Дела 1,3 „Уште малку, и нема да Ме гледате, и по малку, пак ќе Ме видите, зашто си одам кај Отецот.“ 17А некои од учениците Негови си рекоа меѓу себе: „Што е тоа, што ни вели: ‚Уште малку, и нема да Ме видите‘ и ‚По малку, пак ќе Ме видите‘ и ‚Јас си одам кај Отецот?‘“ 18И си зборуваа: „Што е тоа, што вели: ‚Уште малку?‘“ 19#Лк 9,45Исус разбра дека сакаат да Го прашаат, и им рече: „Затоа ли се прашувате меѓу себе, што реков: ‚Уште малку, и нема да Ме гледате‘ и ‚По малку, пак ќе Ме видите?‘ 20#Мк 16,10; Лк 5,35; 23,27; Откр 11,10Вистина, вистина ви велам дека вие ќе заплачете и ќе заридате, а светот ќе се радува; вие ќе бидете нажалени, но жалоста ваша ќе се претвори во радост. 21#Ис 13,8; 26,17-18; Ос 13,13; Мих 4,9; Мк 13,8; Рим 8,22; 1 Сол 5,3; Откр 12,2Жена, кога раѓа, има болки, зашто ѝ дошло времето нејзино; но штом ќе го роди детето, од радост не ги помни веќе болките, зашто се родил човек на светот. 22#14,19; 15,11; 20,20; Ис 66,14; Мт 28,8; Лк 24,41; Дела 2,46; 2 Кор 4,17Па така и вие, сега сте нажалени; но Јас пак ќе ве видам, и ќе се зарадува срцето ваше, и радоста ваша никој нема да ви ја одземе; 23#15,16; 1 Јн 5,14-15и во тој ден нема да Ме прашувате за ништо. Вистина, вистина ви велам: што и да посакате од Отецот, во Мое име, ќе ви даде. 24#15,11; Мт 7,7-8.11; 18,19; 1 Јн 1,4Досега ништо не сте барале во Мое име; барајте и ќе добиете, за да биде радоста ваша полна.“
Победа над светот
25 #
10,6; 12,16; Мт 13,34-35 „Ова во параболи ви го кажав; но ќе дојде час кога нема веќе во параболи да ви зборувам, туку откриено ќе ве известам за Отецот. 26Во тој ден ќе побарате во Мое име, и не ви велам дека Отецот ќе го помолам за вас; 27#8,42; 14,21.23; 21,15-17бидејќи Отецот Сам ве сака, зашто вие Ме засакавте и поверувавте дека Јас сум излегол од Бога. 28#1,1; 13,3Излегов од Отецот и дојдов во светот; сега пак го оставам светот и се враќам кај Отецот.“ 29Му рекоа учениците Негови: „Еве, сега откриено зборуваш и никаква парабола не кажуваш. 30#2,25; 16,19Сега знаеме дека знаеш сѐ и нема потреба никој да Те прашува. Заради тоа веруваме дека од Бога си излегол.“ 31Исус им одговори: „Сега ли верувате? 32#8,29; Зах 13,7; Мт 26,31.56Ете, иде часот, и веќе настапува, да се разбегате секој кај своите, а Мене Сам да Ме оставите; но Јас не сум Сам, бидејќи Отецот е со Мене. 33#12,31; 13,19; 14,27.30; 15,18; Рим 8,37; 1 Кор 15,57; 2 Кор 1,8; 2 Тим 3,12; 1 Јн 5,5; Откр 5,5Ова ви го реков за да имате мир во Мене. Во светот ќе имате маки; но не плашете се, зашто Јас го победив светот.“
Селектирано:
Јован 16: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: