Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јов 1

1
Прво искушение на Јов
1 # Ез 14,14; Јк 5,11 Имаше еден човек во земјата Уц, по име Јов; тој човек беше непо­рочен, праведен, богобојазлив и го одбегнуваше злото. 2И му се родија седум синови и три ќерки. 3#1 Мојс 12,16; 24,35; 26,14#1 Мојс 29,1; Суд 6,3; 1 Цар 5,10; Ис 11,14; Ер 49,28Имотот му беше: седум илјади си­тен добиток, три илјади камили, петстотини чифта волови, петстотини магарици и голем број слуги; и тој човек беше најпрочуен меѓу сите луѓе на Исток. 4Синовите негови се собираа и приредуваа гозби секој во домот свој, на својот ден, а ги покануваа и трите свои сестри да јадат и да пијат со нив. 5#1 Мојс 35,2; 2 Мојс 19,10; 1 Сам 16,5Кога завршуваа дните на гозбите, Јов ги повикуваше, та ги осветуваше. Станувајќи изутрина рано, принесуваше сепаленици за сите нив, зашто Јов си велеше: можеби синовите мои згре­шиле и Го навредиле Бога во срцето свое. Така постапуваше Јов во сите такви денови. 6#2,1-3; 1 Цар 22,19-22; Дан 7,10; Евр 12,22; Откр 5,11Еден ден дојдоа синовите Божји да застанат пред Господ; со нив дојде и ѓаволот. 7И му рече Господ на ѓаволот: „Од каде дојде?“ А ѓаволот Му одговори на Господ и Му рече: „Одев по земјата и ја обиколив.“ 8И Господ му рече на ѓаволот: „Обрна ли внимание на мојот слуга Јов? Зашто на земјата нема друг како него: човек непорочен, праведен, богобојаз­лив и кој го одбегнува злото.“ 9Му одговори ѓаволот на Господ и Му рече: „Зар попусто Јов е богобојаз­лив? 10#3,23Не го огради ли Ти него и куќата негова наоколу и сѐ што има тој? Ти ги благослови делата на рацете негови, а стадата негови се шират по земјата; 11#2,5-6но пружи ја раката Своја и допри се до сѐ што е негово, ќе Те благослови ли тогаш?“ 12И му рече Господ на ѓаволот: „Еве, сѐ што е негово, е во твоја рака; само врз него не посегај!“ – И се оддалечи ѓаволот од Господ. 13Еден ден синовите и ќерките на Јов јадеа и пиеја вино во куќата на првородениот свој брат. 14И ете, дојде известувач кај Јов и му рече: „Воловите ораа и магариците пасеа покрај нив, 15кога Савејци ги нападнаа и ги оте­раа, а момоците со остар меч ги погубија; избегав само јас за да ти јавам.“ 16#2 Цар 1,10.12.14; Пс 104,4; Лк 9,54Додека уште говореше, дојде друг и рече: „Оган Божји од небото падна, ги изгоре овците и момоците и ги голтна; и побегнав само јас, за да ти јавам.“ 17#Суд 7,16; 1 Сам 11,11; 13,17Додека тој говореше, дојде трет, па рече: „Халдејци, наредени во три чети, нападнаа на камилите и ги отераа, а мо­моците со остар меч ги погубија; само јас избегав, за да ти јавам.“ 18И додека тој уште говореше, се појави друг и рече: „Синовите и ќерки­те твои јадеа и пиеја вино во куќата на првородениот свој брат; 19#8,4ете, дувна силен ветар откај пустината и ги зафати четирите агли на ку­ќата; куќата се урна врз децата и тие умреа; се спасив само јас, за да ти јавам.“ 20Тогаш Јов стана, ја раскина својата горна облека, ја острижа главата своја и падна на земја, па се поклони 21#Пс 49,17; Проп 5,14; 1 Тим 6,7и рече: „Гол излегов од утробата на мајка ми, гол и ќе се вратам. Господ даде, Господ зеде. Нека е благословено името Господово!“ 22#2,10Во сето тоа Јов не згреши и ништо неразумно не изрече за Бога.

Селектирано:

Јов 1: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се