Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јов 29

29
Последен говор на Јов: ах, убавите некогашни денови!
1Го продолжи Јов својот возвишен збор и рече: 2#1,1-3„О, да бев како во поранешните месеци, како во оние денови, кога Бог ме чуваше, 3кога светилото Негово светеше над главата моја, и под Неговата светлина одев среде темнина; 4#1,10; Пс 25,14; Изреки 3,32како што бев во деновите на свои­те млади години, кога милоста Божја беше над шаторот мој, 5#Пс 127,3-5; 128,3кога Седржителот уште беше со мене, и децата мои околу мене, 6#5 Мојс 32,13кога нозете мои се бањаа во млеко, кога од карпата за мене маслиново масло течеше, 7кога излегував пред градските порти и го поставував седиштето мое на плоштадот, – 8#3 Мојс 19,32младите пат ми правеа, а старците стануваа и стоеја; 9кнезовите ги прекинуваа говорите свои и ставаа рака на устата своја; 10гласот на првенците замолкнуваше, јазикот им се залепуваше за непцата нивни. 11Уво што ќе ме чуеше, велеше: блазе си ти; око што ќе ме видеше, ме восфалуваше, 12#31,16; Ис 11,4-5; Пс 72,12зашто јас го спасував страдалникот што викаше и беспомошниот сирак. 13#31,17-18Врз мене доаѓаше благословот на оној што пропаѓаше; на вдовичиното срце му донесував радост. 14#19,9; Ис 59,17; Пс 132,9Се облекував во правда, и судот ми беше како наметка и венец. 15#Изреки 31,8Јас бев очи на слепиот и нозе на хромиот; 16#Изреки 29,7за сиромасите бев татко и внимателно ја проучував поплаката, која не ја знаев. 17#Ис 11,4На беззаконикот му ги кршев забите, и од забите му го истргнував украденото. 18#Ис 40,31; Пс 103,5Па си велев: ‚Ќе свршам во гнездото свое, и дните мои ќе бидат многу – како песокот.‘ 19#Ер 17,8; Пс 1,3Коренот мој беше покрај вода, ро­сата ноќеваше на гранките мои; 20#1 Мојс 49,24славата моја се подмладуваше, и ла­кот мој стануваше појак во раката моја. 21Ме слушаа и чекаа; и не мрмореа на советот мој. 22#5 Мојс 32,2По моите зборови веќе не расудуваа; зборот мој ги натопуваше нив. 23Ме очекуваа како дожд; ја отвораа устата како за задоцнет дожд. 24#Изреки 16,15Се случуваше, ќе им се насмевнев, – тие не веруваа; и светлината на лицето мое не ја замрачуваа. 25Кога одев кај нив, седев на чело; и живеев како цар меѓу војници, како утешител на оние што плачат.“

Селектирано:

Јов 29: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се