Јов 8
8
Говор на Вилдад: за гревовите се одговара – порано или подоцна
1Тогаш одговори Вилдад од Шуах и рече: 2„До кога ќе говориш така? И зборовите од устата твоја се бурен ветар! 3#5 Мојс 32,4; 34,10-12Зар Бог суди криво? Може ли Седржителот да ја изопачи правдата? 4#1,19Ако твоите синови пред Него згрешиле, затоа и ги предал на нивното беззаконие. 5#11,13Но ако Го побараш Бога и Му се помолиш на Седржителот, 6и ако си чист и праведен, тогаш Тој ќе бдее над тебе и ќе те врати во твојата праведност. 7#9,28-29И ако порано си имал малку, после ќе имаш повеќе. 8#12,12; 14,2; 15,18; 5 Мојс 4,32Запрашај ги поранешните поколенија и вникни во мудроста на нивните предци; 9ние сме вчерашни и ништо не знаеме, нашите дни се како сенка на земјата. 10Зар тие нема да те научат, зар тие нема од срцето свое да кажуваат зборови: 11#15,30.33никнува ли трска без влага? Расте ли шамак без вода? 12Додека е сѐ уште зелен и неокосен, тој се суши пред секоја трева. 13#Пс 9,17; Изреки 10,28Такви се патиштата на сите, кои Го забораваат Бога; така пропаѓа надежта на безбожникот; 14#27,18; Ис 59,5; Мт 7,26-27надежта му е тенка нишка, вербата негова – мрежа пајакова. 15Ако се потпре на куќата своја, нема да издржи; ќе се фати ли за неа, нема да додржи. 16Се зеленее тој, на сонцето вирее, неговите фиданки градината ја прекриваат, 17во грамада од камења се вплетуваат корењата негови, живот црпи од живиот камен. 18Но кога ќе го искорнат од местото негово, тоа ќе се откаже од него: не сум те видело! 19Ете ја радоста на неговиот пат! А од земјата никнуваат растенија други. 20#9,23-24Не, Бог не ги отфрла непорочните и не ја поддржува раката на беззакониците. 21Со смеа ќе ја наполни устата твоја, и усните твои – со радосни извици. 22#Пс 6,10; 35,26; Изреки 14,11Оние што те мразат, со срам ќе се покријат, живеалиштето на нечесните ќе исчезне.“
Селектирано:
Јов 8: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: