Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исус Навин 2

2
Исус испраќа двајца извидувачи во Ерихон
1 # 4 Мојс 13,1-20; Евр 11,31; Јк 2,25 # 7,2; 6,17.25; Суд 16,1; 18,2; Мт 1,5 Исус, синот Навинов, тајно испрати од Ситим две момчиња и им рече: „Одете и тајно разгледајте ја земјата и градот Ерихон!“ И тие отидоа и влегоа во куќата на една блудница, по име Раав, и останаа да ноќеваат таму. 2Тогаш му јавија на Ерихонскиот цар: „Ете, некои луѓе од синовите Из­раелови дојдоа тука ноќеска, за да ја разгледаат земјата скришно.“ 3Ерихонскиот цар испрати луѓе да ѝ кажат на Раав: „Изведи ги луѓето, што влегоа во твојот дом, бидејќи дошле скришно да ја разгледаат целата земја.“ 4#6,17Но жената ги зеде оние две момчиња, ги сокри и рече: „Дојдоа, на­вистина, кај мене луѓе, но јас не знам од каде беа тие; 5кога, пак, на стемнување требаше да се затворат портите, тие излегоа; не знам каде отидоа; тргнете веднаш по нив, ќе ги стигнете.“ 6А самата ги одведе на покривот и ги сокри во нечешлан лен, што беше спрострен кај неа на таванот. 7Испратените тргнаа потоа по патот кон Јордан сѐ до самиот премин на реката, а портите се затворија веднаш кога тргна потерата. 8Пред да легнат да спијат, Раав се качи кај нив на покривот 9#9,9-10; 1 Мојс 47,31и им рече: „Знам дека Господ ви ја дал вам оваа земја, бидејќи ужас нѐ опфати од вас, и сите жители на оваа земја се исплашија од вас; 10#2 Мојс 14,21-22; 4 Мојс 21,32-35зашто чувме дека Господ ја исуши пред вас водата во Црвеното Море кога сте доаѓале од Египет, и како сте пос­тапиле со двајца аморејски цареви од онаа страна на Јордан, Сихон и Ог, кои сте ги погубиле. 11#5,1; 7,5Кога го чувме тоа, срцето ни се стегна и во ниеден од нас душа не ос­тана поради вас; зашто Господ, вашиот Бог, е Бог на небото и на земјата долу; 12#1 Мојс 47,31И така, заколнете ми се во Господ дека, како што јас ви покажав милост, така и вие ќе бидете милостиви кон домот на мојот татко, и дајте ми верен знак: 13#6,23оставете ги живи во домот на татко ми и мајка ми, браќата мои и сестрите мои, и сите што се во него, и спасете ги душите наши од смрт.“ 14#2 Цар 10,24А луѓето ѝ рекоа: „Нашата душа да биде предадена на смрт наместо вашата, само да не нѐ предадеш. А кога Господ ни ја предаде оваа земја, ќе постапиме со тебе со милост и добрина.“ 15#1 Сам 19,12; Дела 9,25; 2 Кор 11,32И таа ги спушти по јаже низ прозорецот, бидејќи куќата ѝ беше во градските ѕидини и таму таа живееше; 16и им рече: „Одете сега во планината, за да не ве сретнат гонителите, и кријте се таму три дена, додека да се врати потерата што тргна по вас, а потоа одете си по вашиот пат.“ 17А луѓето ѝ рекоа: „Ние ќе бидеме ослободени од клетвата твоја, со која нѐ заколна ако не постапиш вака: 18ете, кога ќе дојдеме во овој дел од градот, ова црвено јаже обеси го на прозорецот, низ кој нѐ спушти, и прибери ги во куќата кај себе твојот татко, твојата мајка и твоите браќа и целиот татков дом; 19#3 Мојс 20,9; 2 Сам 1,16; 1 Цар 2,32; Мт 27,25и ако некој излезе надвор од вратата на твојата куќа, самиот нека си биде виновен, а ние ќе бидеме ослободени од оваа твоја клетва; а за сите што ќе бидат со тебе во куќата твоја, крвта нивна нека биде врз главите наши, ако некоја рака се допре до нив; 20ако, пак, некој ги открие овие наши зборови, ние исто така ќе бидеме ослободени од твојата клетва, со која нѐ заколна.“ 21Таа одговори: „Нека биде според зборовите ваши!“ И ги пушти, и тие си отидоа, а таа го врза за прозорецот црвеното јаже. 22Тие тргнаа и отидоа во планината и останаа таму три дена, додека се врати потерата. Гонителите ги бараа по це­лиот пат и не ги најдоа. 23И се вратија двете момчиња, слегоа од планината, го минаа Јордан и отидоа кај Исус, синот Навинов и му кажаа сѐ што им се случи. 24#10,8И му рекоа на Исус: „Господ, ја предаде целата таа земја во наши раце, и сите жители на таа земја се уплашени од нас.“

Селектирано:

Исус Навин 2: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се