Исус Навин 7
7
Престапот и казнувањето на Ахан
1 #
2 Мојс 4,14; 3 Мојс 10,6 Но синовите Израелови направија грев и зедоа од проколнатото. Ахан, синот на Карми, син на Завдиј, Зерахов син од Јудиното племе, зеде од проколнатото, и гневот Господов се разгори против синовите Израелови. 2#8,1Од Ерихон Исус испрати луѓе во Гај, кој е наспроти Бет-Авен, источно од Ветил, и им рече: „Одете, разгледајте ја земјата!“ Тие отидоа и го разгледаа Гај. 3И откако се вратија кај Исус, му рекоа: „Нека не оди целиот народ, туку нека отидат две до три илјади луѓе и ќе го разбијат Гај; не праќај го таму целиот народ, бидејќи тие се малку на број.“ 4#3 Мојс 26,17; 5 Мојс 28,25И така, отидоа таму од народот околу три илјади души, но тие почнаа да бегаат пред жителите на Гај; 5#Пс 22,14жителите на овој град убија од нив триесет и шест души, ги гонеа од портите на градот до Шеварим и ги разбија; од тоа срцата на луѓето се растопија и станаа како вода. 6Исус ја раскина облеката своја и падна ничкум на земјата пред ковчегот на Господ и лежеше дури до вечерта, тој и старешините Израелови, и ги посипаа со пепел главите свои. 7#2 Мојс 5,22; 32,11-14; 4 Мојс 14,13-16И рече Исус: „Ти се молам, Господи Боже, зошто го преведе Твојот народ преку Јордан, за да го предадеш во рацете на Аморејците на погубување? Ех, да си останевме да живееме од онаа страна на Јордан! 8О, Господи, што да кажам, бидејќи Израел го сврте грбот пред своите непријатели? 9#5 Мојс 9,28Хананците и сите жители на земјата ќе чујат, ќе нѐ опколат и ќе нѐ истребат нас од земјата. И што ќе направиш за Твоето големо име?“ 10Господ му одговори на Исус: „Стани, зошто падна ничкум? 11#2 Цар 17,7; Ос 10,9Згрешија луѓето и ја прекршија Мојата заповед, што им ја дадов; украдоа од проколнатото, и го сокрија меѓу своите предмети; 12затоа синовите Израелови не можат да издржат пред непријателите свои и им свртеа грб, бидејќи тие потпаднаа под клетвата; нема да бидам веќе со вас, ако не го отстраните од вас проколнатото. 13#2 Мојс 19,10.22; 3 Мојс 11,44; 4 Мојс 11,18; 1 Сам 16,5Стани, освети го народот и кажи: Осветете се за утре, бидејќи така вели Господ, Бог Израелов: Проколнатото е во тебе, Израеле; затоа ти не ќе можеш да издржиш пред непријателите свои, додека не го отстраниш од себе проклетството. 14#1 Сам 14,38-42Соберете се утре според племињата свои; племето, пак, што ќе го покаже Господ, нека мине по родовите; и родот, што ќе го покаже Господ, нека мине по домовите што ќе ги покаже Господ, и нека мине човек по човек; 15кој ќе биде фатен дека украл од проколнатото, со оган нека се изгори тој и сѐ што е негово, затоа што ја прекршил заповедта на Господ и направил престап среде Израел.“ 16Откако стана утредента рано, Исус ги преведе луѓето според племињата свои, и беше посочено на Јудиното племе; 17потоа заповеда да минат родовите на Јуда, и беше посочен родот на Зерах; му заповеда на Зераховиот род да мине според домовите, и беше посочен домот на Завдиј. 18Му заповеда на домот негов да мине човек по човек, и беше покажан Ахан, синот на Карми, син на Завдиј, Зерахов син, од Јудиното племе. 19#1 Сам 6,5; Ис 42,12; Ер 13,16; Пс 96,8; Езд 10,11; Јн 9,24Тогаш Исус му рече на Ахан: „Синко, прослави Го Господ, Бог Израелов, исповедај се пред Него и кажи ми, што си направил; не криј од мене.“ 20Ахан му одговори на Исус и рече: „Навистина, јас згрешив пред Господ, Бог Израелов, и го направив ова: 21меѓу запленетите предмети видов една убава облека од Сенаар и двесте шекели сребро и една златна шипка, со вредност од педесет шекели; тоа ми се допадна и јас го зедов; и, ете, тоа е закопано во земјата среде мојот шатор, а среброто е под него.“ 22Исус испрати луѓе, и тие отидоа во неговиот шатор; и ете, сето тоа беше сокриено во неговиот шатор, и среброто под него. 23Тие го изнесоа тоа од шаторот, го донесоа кај Исус и кај старешините Израелови и го ставија пред Господ. 24Тогаш Исус и сите Израелци со него, го зедоа Зераховиот син Ахан, среброто, облеката, и златната шипка, неговите синови и неговите ќерки, неговите волови и неговите магариња, овците негови и неговиот шатор, и сѐ што беше негово, и го одведоа во долината Ахор. 25#6,18И рече Исус: „Затоа што некои од нас истреби, Господ ќе те истреби денес тебе.“ И сите Израелци го убија со камења – него и сите негови блиски, ги изгореа не само нив, туку и сѐ што имаа со оган, и нафрлаа врз нив камења. 26И нафрлаа врз него голема грамада камења, која остана сѐ до ден-денес. Потоа стивна силата од гневот на Господ. Поради тоа, она место и денес се вика „Долината Ахор“#7,26 Ахор на еврејски значи мака, несреќа..
Селектирано:
Исус Навин 7: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: