Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Левитска 1

1
Закон за Жртвите
Жртва сепаленица
1 # 6,2-6; 1 Мојс 25,22 # 2 Мојс 3,4 И го повика Господ Мојсеја, и му рече од скинијата на собранието, ве­леј­ќи: 2#4 Мојс 15,3„Соопшти им на синовите израел­ски, и кажи им: кога некој од вас сака да Му принесе жртва на Господ од доби­токот: од крупниот и од ситниот доби­ток принесувајте жртва. 3#22,18-20; 1 Мојс 8,20; 2 Мојс 12,5; Мал 1,8; Езд 8,35Ако принесува жртва сепаленица од крупен добиток, нека принесе машко, здраво; нека ја доведе пред влезот од скинијата на собранието нека ја доведе, за да придобие милост пред Господ. 4#2 Мојс 29,10.15; 32,30; Ез 45,15И нека ја стави раката своја врз главата на жртвата, и ќе придобие ми­лост за очистување; 5#2 Мојс 29,11; Пс 50,9; Езд 8,35; Дела 15,20; Евр 12,24; 1 Птр 1,2нека се заколе теле пред Господ, а синовите Аронови, свештениците, нека принесат крв, и со неа нека го попрс­каат жртвеникот, што е пред влезот од скинијата на собранието, од сите стра­ни; 6#2 Мојс 29,17потоа жртвата сепаленица нека се одере и нека се исече на делови. 7#1 Мојс 22,9А синовите Аронови, свештениците, нека запалат оган на жртвеникот, и нека стават дрва на огнот. 8#2 Мојс 29,13Па потоа синовите Аронови, свеш­те­ниците, нека ги наредат деловите, главата и лојот врз дрвата на огнот, што е на жртвеникот. 9#2 Мојс 29,18А внатрешнината и нозете нека се измијат со вода; свештеникот нека го изгори сето тоа на жртвеникот; тоа е жртва сепаленица, жртва огнена, со благопријатен мирис пред Господ. 10#1 Мојс 22,7; 2 Мојс 12,5А ако принесува жртва сепаленица од ситниот добиток, од овци или од кози, нека принесе машко – здраво, без мана. 11#2 Мојс 29,11.20Да се заколе на северната страна од жртвеникот пред Господ, а синовите Аронови, свештениците, нека го попрс­каат жртвеникот со крвта од сите стра­ни. 12И нека се расече на делови, а свеш­теникот нека ги стави, со главата и лојот, свештеникот нека ги стави врз дрвата, што се на огнот врз жрт­вени­кот; 13#2 Мојс 29,17; 5 Мојс 12,27а внатрешнината и нозете свеште­никот нека ги измие со вода и сето тоа нека го донесе и нека го изгори на жртвеникот; тоа е жртва – сепаленица, жртва огнена со благопријатен ми­рис пред Господ. 14#1 Мојс 15,9; Лк 2,24Ако Му принесува на Господ жртва сепаленица од птиците, тогаш нека принесе грлица или млад гулаб; 15свештеникот нека ја принесе на жртвеникот, и извивајќи ѝ ја главата, нека ја откине и нека ја изгори на жртвеникот, крвта да ја исцеди во подножјето на жртвеникот; 16#4 Мојс 4,13нека ѝ ги извади гушата и перјата и нека ги фрли до жртвеникот од источ­ната страна, каде што е пепелта, 17#1 Мојс 15,10па нека ја прекрши меѓу крилјата, но да не ги разделува од неа; и свеш­те­никот потоа нека ја постави на жртве­никот, врз дрвјата што се на огнот; тоа е принос жртва, жртва огнена со благопријатен мирис пред Господ.“

Селектирано:

Левитска 1: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се