Левитска 12
12
Очистување на жената по породувањето
1И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 2#15,19; Ез 18,6; 22,10„Кажи им на синовите Израелови и речи им: кога жената ќе забремени и роди машко дете, нечиста ќе биде седум дена, како во деновите на природното очистување свое, така ќе биде нечиста. 3#1 Мојс 17,10; Лк 1,59; 2,21; Јн 7,22; Фил 3,5А во осмиот ден нека му се обрезе на детето крајниот дел. 4А таа нека остане уште триесет и три дена чистејќи се од крвта; до ништо свето да не се допира и да не влегува во светилиштето сѐ додека не изминат деновите на нејзиното чистење. 5А ако роди женско дете, тогаш во времето на своето чистење нечиста ќе биде четиринаесет дена, и шеесет и шест дена нека остане, чистејќи се од крвта своја. 6#2 Мојс 29,38; 4 Мојс 6,12.14; Лк 2,22-38И кога ќе се навршат деновите на чистењето нејзино, заради синот или заради ќерката, нека донесе кај свештеникот пред скинијата на собранието едногодишно јагне за жртва сепаленица или млад гулаб или грлица како жртва поради грев. 7И тој нека ја принесе пред Господ и така ќе ја очисти од течењето на крвта нејзина. Тоа е закон за жената која ќе роди машко или женско дете. 8#5,7-13; 1 Мојс 15,9Ако не е во можност да донесе јагне, тогаш нека земе две грлици или две гулапчиња, едното како жртва сепаленица, а другото поради жртва за грев; и ќе ја очисти од гревот нејзин свештеникот, и таа ќе биде чиста.“
Селектирано:
Левитска 12: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: