Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 18:1-14

Лука 18:1-14 MK2006

Им кажа и една парабола за тоа како е потребно секогаш да се молат и да не паѓаат со духот. И рече: „Во некој град си беше еден судија, кој од Бога не се плашеше, ниту од луѓето се срамуваше. Во истиот град живееше една вдовица и доаѓаше кај него, велејќи: ‚Заш­тити ме од мојот противник!‘ Но тој за долго време не сакаше. Најпосле си рече во себе: ‚Иако од Бога не се плашам и од луѓето не се срамувам, но, бидејќи оваа вдовица не ми дава мир, ќе ја заштитам, за да не доаѓа по­веќе и да не ми додева.‘“ И рече Господ: „Чујте што зборува несправедливиот судија! Зарем Бог нема да ги одбрани Сво­и­те избраници, што викаат кон Него де­ње и ноќе; макар и да забави? Ви велам, ќе ги одбрани набргу. Но Синот Човечки, кога ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата?“ А на оние што беа уверени во себе дека се праведни и ги презираа другите, им ја кажа оваа парабола: „Два човека влегоа во храм да се помолат: едниот фарисеј, а другиот цариник. Кога застанаа, фарисејот вака се молеше во себе: ‚Боже, Ти благодарам што не сум како другите луѓе; разбојници, несправедливи, прељубници, или како овој цариник. Постам двапати во седмицата, да­вам десеток од сѐ што ќе стекнам.‘ А цариникот стоеше одда­леку; не смееше дури и очите да ги по­дигне кон небото, туку се удираше в гради и велеше: ‚Боже, биди милостив спрема мене грешниот!‘ Ви велам: тој си отиде дома повеќе оправдан, отколку оној, зашто секој што самиот себе се возвишува, ќе биде понизен, а кој се понизува себе самиот, ќе биде возвишен.“