Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 18:1-8

Лука 18:1-8 MK2006

Им кажа и една парабола за тоа како е потребно секогаш да се молат и да не паѓаат со духот. И рече: „Во некој град си беше еден судија, кој од Бога не се плашеше, ниту од луѓето се срамуваше. Во истиот град живееше една вдовица и доаѓаше кај него, велејќи: ‚Заш­тити ме од мојот противник!‘ Но тој за долго време не сакаше. Најпосле си рече во себе: ‚Иако од Бога не се плашам и од луѓето не се срамувам, но, бидејќи оваа вдовица не ми дава мир, ќе ја заштитам, за да не доаѓа по­веќе и да не ми додева.‘“ И рече Господ: „Чујте што зборува несправедливиот судија! Зарем Бог нема да ги одбрани Сво­и­те избраници, што викаат кон Него де­ње и ноќе; макар и да забави? Ви велам, ќе ги одбрани набргу. Но Синот Човечки, кога ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата?“