Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Малахија 1

1
Божјата љубов кон Израил
1Пророчко слово од Господ до Израил преку Малахија. 2#5 Мојс 4,37; 7,7-8; Ис 54,8; Ер 31,3; Ез 16; Ос 11,1Ве засакав, вели Господ. А вие рековте: „Во што си покажал љубов кон нас?“ Зар Исав не е брат на Јаков, вели Господ, но сепак Јас го засакав Јаков, 3#1 Мојс 25,23; Јоил 4,19; Рим 9,13а Исав го замразив и ги предадов планините негови, за да се запустат, и пределите негови – на чакалите пус­тински. 4#Ис 9,9-10Ако Едом рече – ние сме разорени, но ќе се подигнеме сами, Господ Саваот вели – тие ќе се подигнат, но Јас пак ќе ги разурнам, и така ќе ги наречат – грешна земја и народ – на кои се разгневил Господ засекогаш. 5И вие ќе го видите тоа, па ќе ре­че­те: Голем е Господ преку границите на Израил.
Суд против свештениците
6 # 2 Мојс 20,12; 5 Мојс 1,31; 32,6; Ис 29,13 Синот го почитува татко си, а робот – господарот свој; а ако сум Јас Татко, тогаш каде е почитта кон Мене? И ако сум Јас Господ, тогаш каде е стравот пред Мене – вели Гос­под Саваот; вие свештениците, кои го презирате името Мое, велите: во што го презираме името Твое? 7На жртвеникот Мој вие принесувате опоганет леб, а велите, со што Те осквернуваме? – Со тоа што велите: трпезата Господова не заслужува почитување. 8#3 Мојс 22,18-25И кога како жртва принесувате слеп добиток – нели е тоа лошо, или кога принесувате куцо и болно, зар и тоа не е лошо? Ако го однесеш тоа на твојот кнез – ќе биде ли тој задоволен од тоа и ќе те прими ли со радост? – вели Господ Саваот. 9#1 Цар 13,12; Зах 7,2; Дан 9,13И така, молете Му се на Бога за да нѐ помилува; но штом таква работа излегува од рацете ваши, ќе може ли Тој тоа милостиво да го прими? – вели Господ Саваот. 10#Ер 6,20; Амос 5,22Подобро е некој од вас да ја зат­вори вратата и да не се пали напразно оган на Мојот жртвеник! Не сте Ми мили, вели Господ Саваот, и не сакам да примам дар од вашите раце. 11#Ис 45,6; 59,19; Соф 3,9-10; Пс 75,1; 99,3Зашто од сончевиот исток па сѐ до запад името Мое е големо меѓу народите, и тие на секое место принесуваат темјан и чиста жртва; големо е името Мое меѓу народите, вели Господ Саваот. 12#3 Мојс 18,21; Ез 36,22; Амос 2,7А вие го сквернавите со тоа што велите – трпезата Господова не за­слу­жу­ва почитување и храната на неа е безвредна! 13#3 Мојс 22,18-25А притоа велите уште: ете колку голем труд, а можеше и без тоа, вели Господ Саваот; принесувате крадено, куцо и болно, а притоа принесувате уште и таков лебен дар: па можам ли со благонаклоност да го примам тоа од вашите раце? – вели Господ Саваот. 14#Пс 46,2Нека е проклет оној што лаже, оној кој во стадото свое има здрав овен, а дал и завет, па во жртва на Господ Му принесува јалова овца! Зашто Јас сум Цар голем и името Мое е почитувано меѓу народите, вели Господ Саваот.

Селектирано:

Малахија 1: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се