„Вие, пак, чујте ја параболата за сејачот. Кај секого, што го слуша словото за царството и не го разбира, доаѓа лукавиот и го граба посеаното во срцето негово; ете, тоа означува посеаното покрај патот. А посеаното на камен е оној што го слуша словото и веднаш со радост го прима; но нема во себе корен и е непостојан: дојдат ли неволји или гонење заради словото, веднаш отстапува. Посеаното, пак, во трње е оној што го слуша словото, но грижите од овој свет и примамливото богатство го задушуваат словото и тоа останува без род. А посеаното на добра земја е оној што го слуша словото и го разбира, и дава плод: еден сто, друг шеесет, а трет триесет.“
Прочитај Матеј 13
Слушни за Матеј 13
Сподели
Спореди ги сите верзии: Матеј 13:18-23
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Videos