Матеј 9
9
Исус исцелува фатен човек
(Мк 2,1-12; Лк 5,17-26)
1Тогаш Тој влезе во еден кораб, се врати назад и пристигна во Својот град. 2#Лк 5,18.20; 7,48И ете, донесоа кај Него еден фатен, положен на постела. Па кога ја виде Исус нивната вера, на фатениот му рече: „Не плаши се, чедо! Ти се простуваат гревовите твои!“ 3#12,31; 26,65; 3 Мојс 24,11-16; Јн 10,33-36; Дела 6,11Тогаш некои од книжниците си рекоа во себе: „Овој богохулствува!“ 4#12,25; Пс 94,11; Јн 1,48; 2,25А Исус ги разбра нивните мисли, и им рече: „Зошто мислите лошо во срцата ваши? 5Или, што е полесно? Да кажам: ‚Ти се простуваат гревовите твои!‘ или да кажам: ‚Стани и оди!?‘ 6#8,20; Дан 7,14; Лк 5,24; Јн 5,8; Дела 9,34Но да знаете дека Синот Човечки има власт на земјата да проштава гревови.“ Тогаш му рече на фатениот: „Стани, земи си ја постелата и оди си дома!“ 7И тој стана, ја зеде постелата своја и си отиде дома. 8#15,31; Лк 5,26; Дела 4,21А народот кога го виде тоа, се восхити и Го прослави Бога, Кој им даде таква власт на луѓето.
Исус го повикува Матеј
(Мк 2,13-17; Лк 5,27-32)
9 #
8,22; 10,3; Дела 1,13 А кога си одеше оттаму, Исус виде еден човек, по име Матеј, како седи во царинарницата и му рече: „Врви по Мене!“ И тој стана и тргна по Него. 10#5,46; Лк 15,1И кога седеше Исус на трпеза дома, одеднаш мнозина цариници и грешници дојдоа и седнаа до Него и до учениците Негови. 11#3,7; Лк 15,2Но штом го видоа тоа фарисеите, им рекоа на учениците Негови: „Зошто вашиот Учител јаде и пие со цариници и грешници?“ 12#1 Тим 1,15А Исус, кога го чу тоа, им рече: „Здравите немаат потреба од лекар, туку болните; 13#12,7; Ос 6,6одете и научете се што значи: ‚Милост сакам, а не жртва‘. Зашто не дојдов да ги повикам праведниците, туку грешниците на покајание.“
Прашања за постот. Старото и новото
(Мк 2,18-22; Лк 5,33-39)
14 #
Јн 3,25
Тогаш кај Него дојдоа учениците Јованови и рекоа: „Зошто ние и фарисеите постиме многу, а Твоите ученици не постат!?“ 15#Ис 62,4-5; Ер 2,2; Ез 16; Ос 1–3; Јн 3,29; 16,20; 2 Кор 11,2; Откр 21,2А Исус им рече: „Зар можат сватовите да бидат нажалени додека е со нив младоженецот? Но ќе дојде време кога младоженецот ќе се оттргне од нив, па тогаш и тие ќе постат. 16#Јн 1,17; 2 Кор 5,17; Гал 4,9Никој не крпи стара облека со нова крпа, зашто таа ќе се отшие од старото и отворот ќе биде поголем; 17ниту, пак, се става ново вино во стари мевови; инаку, мевовите ќе напукнат, и виното ќе истече и мевовите ќе пропаднат; туку ново вино се става во нови мевови, па така ќе се запази и едното и другото.“
Чудата со болната жена и со ќерката на Јаир
(Мк 5,21-43; Лк 8,40-56)
18 #
19,15; Мк 5,23; 6,5; 7,32; Лк 13,13 Додека Тој им говореше за тоа, ете еден началник се приближи до Него, Му се поклонуваше и велеше: „Ќерка ми штотуку умре; туку дојди, положи ја раката Своја над неа и таа ќе оживее.“ 19И како стана Исус, тргна по него, заедно со учениците Свои; 20#14,36; 3 Мојс 15,25; 5 Мојс 22,12; Мк 6,56; Лк 6,19и ете, една жена, која беше страдала дванаесет години од крвавење, се приближи одзади и се допре до крајот на облеката Негова. 21Зашто си велеше: „Само ако се допрам до облеката Негова, ќе оздравам.“ 22#8,10; 10,22; Лк 7,50; Дела 3,16; 16,31А Исус штом се заврти и ја виде, рече: „Не плаши се, ќерко, верата твоја те спаси!“ И оздраве жената во тој час. 23И кога дојде Исус во куќата на началникот и ги виде свирачите и народот ожалостени, 24#Лк 8,52; Јн 11,11; 1 Кор 15,18-20им рече: „Излезете надвор, зашто девојката не е умрена, туку спие.“ А тие Му се потсмеваа. 25#8,15Но штом го истера народот, Тој влезе, ја фати девојката за рака и таа стана. 26#5,15; Лк 4,14.37И се расчу тоа по целиот тој крај.
Исус исцелува двајца слепи
27 #
1,1; 20,30-31; 2 Сам 7,12-17; Дела 2,30 А кога Исус си одеше оттаму, тргнаа по него двајца слепи и викаа: „Смилувај ни се, Исусе, сине Давидов!“ 28#8,10А штом дојде в куќи, слепите се приближија до Него. И Исус им рече: „Верувате ли дека можам да го направам тоа?“ Тие Му рекоа: „Да, Господи!“ 29#8,13; 15,28Тогаш се допре до очите нивни и рече: „Нека ви биде според верата ваша!“ 30#8,4И очите им се отворија; а Исус им заповеда строго: „Гледајте, никој да не дознае!“ 31А тие, штом излегоа, разгласија за Него по целата таа земја.
Исус исцелува нем човек
(Лк 11,14-15)
32 #
12,22-24; Лк 11,14-15 #
Мк 7,32.35 Додека тие излегуваа, ете, кај Него еден човек нем и бесомачен. 33#Мк 2,12; 7,37По изгонувањето на демонот, немиот проговори. А народот се чудеше и говореше: „Никогаш такво нешто не станало во Израел.“ 34#12,24; Мк 3,22А фарисеите велеа: „Тој ги изгонува демоните со силата на началникот на демоните.“
Исус сочувствува со народот
(Мк 6,6-34; Лк 10,2)
35 #
4,23
И одеше Исус по сите градови и села и поучуваше по нивните синагоги, го проповедаше Евангелието за Царството и лекуваше секаква болест и немоќ во народот. 36#14,14; 4 Мојс 27,17; 1 Цар 22,17; Ез 34,5.23; Зах 13,7; 2 Цар 18,16А штом виде многу народ, се сожали, зашто беа изморени и беспомошни како овци без пастир. 37#3,12; Лк 10,2; Јн 4,35-37Тогаш им рече на Своите ученици: „Жетвата е голема, а работници има малку. 38#Јн 4,38Затоа молете Го Господарот на жетвата да испрати работници на Својата жетва.“
Селектирано:
Матеј 9: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: