Михеј 1
1
Суд за Самарија
1 #
Ис 1,1; Ер 26,18; Ос 1,1 Слово Господово, упатено до Михеј од Морешет, во деновите на Јотам, Ахаз и Езекија, цареви јудејски, со кое му беше откриено за Самарија и за Ерусалим. 2#Ис 1,2; 34,1; Пс 49,1Чујте, сите народи, внимавај, земјо, и сѐ што те исполнува! Сведок нека е против вас Господ Бог, Господ од Својот свет храм! 3#Ис 26,21; Амос 4,13Зашто Господ, ете, излегува од Своето место, ќе слезе и ќе оди по земните височини, 4#Наум 1,6; Зах 14,4; Пс 68,2; 97,5и планините ќе се топат под Него, долините ќе се растопат како восок од оган, како водата што се излева низ стрмнини. 5#3,8И сето тоа ќе стане поради престапите на Јаков, поради гревот на Израеловиот дом. Кој му е гревот на Јаков? Нели е тоа Самарија? Кои ѝ се идолските светилишта на Јудеја? Нели е тоа Ерусалим? 6#3,12; 2 Цар 17,5-6Затоа од Самарија ќе направам купишта урнатини во полето, место за садење лози; ќе ги сринам камењата нејзини во долина и ќе ѝ ги разголам основите. 7И сите нејзини резани ликови ќе се строшат и сите нивни дарови од блуд – со оган ќе бидат изгорени: сите идоли ќе ги разурнам; со дарови од блуд ги правела, и пак ќе бидат дарови од блуд.
Суд за Јудеја
8 #
2 Сам 15,30; Ис 20,2-4; Ез 24,17-23; Амос 5,1; Јов 30,29 Поради тоа ќе заплачам и ќе заридам, ќе одам бос и гол, ќе вијам како чакал, ќе врискам како ној; 9зашто нема лек за нејзината рана, тоа дојде до Јудеја, а стигна дури и до портите на Мојот народ – сѐ до Ерусалим. 10#2 Сам 1,20; Ер 25,34; Амос 6,2Не разгласувајте го ова во Гет, не плачете таму гласно, а во Бет-Леафра посипете се со пепел. 11#Ис.Н. 15,37Исели се, жителко шафирска, срамно разголена; нема да се спаси ни жителката хананска, до темел е разурнат Бет-Ецел, искорнат е од своите цврсти основи. 12#Рута 1,20Жителката на Марот е желна за добро, а ете, зло дојде од Господ, слезе до портите ерусалимски. 13#Ис.Н. 15,39; 2 Цар 14,19; Неем 11,30Впрегни брзи коњи во колата, жителко лахишка, тоа беше почеток на гревот од ќерката Сионска, зашто во тебе се појавија престапите на Израел. 14#Ис.Н. 15,44Затоа ти ќе се збогуваш со дарови од Морешет-Гат; куќите ахзивски ќе бидат измама за царевите израелски. 15#Ис.Н. 15,44; 1 Сам 22,1; 2 Сам 23,13; 2 Лет 11,7.8Ќе доведам и освојувач против тебе, жителко; и тој ќе дојде дури до Адулам, славата на Израел. 16#Ис 22,12; Ер 7,29; Амос 8,10Куби ја косата своја, истрижи се – од жал за своите сакани деца: разголи ја ќелавоста своја за нив како гологлав орел зашто тие ќе бидат одведени од тебе во ропство.
Селектирано:
Михеј 1: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: