Михеј 4
4
Мир и напредок
1 #
Ис 2,2-4; Ер 3,17; Зах 8,20-23 И, ете, во последните дни планината на Господовиот дом ќе биде поставена на чело над сите планини, и ќе се издигне над ридовите, и ќе поитаат кон неа народите. 2И ќе тргнат многу народи, и ќе речат: „Дојдете да се искачиме на гората Господова и да влеземе во домот на Јаков – и Тој ќе нѐ научи на Своите свети патишта, и ќе одиме по патеките Негови; зашто од Сион ќе излезе законот, и од Ерусалим – словото Господово. 3#Ос 2,20Тој ќе управува со многу народи и ќе пресудува меѓу многу племиња во далечни краишта; па ќе ги прековаат мечевите свои во плугови и копјата свои – во српови; и народ против народ нема да крене веќе меч, и нема веќе да се учат да војуваат; 4#Ис 1,20; Зах 3,10секој ќе седи спокојно под лозата своја и под смоквата своја, и никој нема да се плаши, зашто устата на Господ Саваот го изрекла тоа. 5#Ис 2,5; Зах 10,12Зашто сите народи одат, секој во името на својот бог, а ние ќе одиме во името на Господ, нашиот Бог, секогаш и довека.“
Господ ќе ги доведе Своите
6 #
Ез 34,4.16; Соф 3,19 Во оној ден, вели Господ, ќе соберам сѐ што е куцо, и ќе соединам што е разгонето, и оние, врз кои сум допуштил неволја.
Остатокот од Божјиот народ
7 #
Ис 4,3; Пс 99,2 И ќе направам од остатокот на куците и прснатите по светот силен народ, и Господ ќе царува над нив на гората Сион од сега па довека. 8А ти, куло на стадото, риду на Сионовата ќерка, кај тебе ќе дојде и ќе се врати поранешното владение, царството – кај ќерките ерусалимски. 9#Ер 6,24; 8,19А зошто ти сега така гласно плачеш? Зар немаш цар или ти недостига советник, па те обзеле маки како кај родилка?
Истребување на идолите
10 #
Ис 66,7-9
Страдај и мачи се од болки, ќерко Сионова, како родилка, зашто сега ќе излезеш од градот, ќе живееш во полето и ќе стигнеш во Вавилон. Таму ќе бидеш избавена, таму ќе те откупи Господ од рацете на непријателите твои. 11#Зах 12,3А сега се собрани многу народи против тебе и велат: „Нека биде осквернета и очите наши да се нагледаат на Сион!“ 12#Ис 55,8-9; Пс 28,5Но тие не ги знаат замислите на Господ и не ги разбираат намерите Негови – дека Тој ги собрал како снопје на гумно. 13#Ис.Н. 3,11; Зах 4,14; 6,5Стани и удирај, ќерко Сионова, зашто Јас ќе го направам рогот твој железен и копитата твои бакарни; ќе прегазиш многу народи, и нивните трудови и богатства ќе ги посветиш на Господ – Владетелот над целата земја.
За ветениот Месија
14Но сега сме со ѕидини опколени и пак сме опседнати, со прат го бијат по образите судијата на Израел.
Селектирано:
Михеј 4: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: