Марко 10
10
За разводот
(Мт 19,1-12; Лк 16,18)
1 #
2,13
И откако стана Исус оттаму, премина во пределите Јудејски, преку страната што е отаде Јордан. И пак се слеваше народ кон Него; а Тој, по Својот обичај, ги поучуваше. 2#Мт 16,1; 1 Кор 7,11И пристапија фарисеите и Го прашаа, искушувајќи Го: „Допуштено ли е, да ја остави човек својата жена?“ 3А Тој им одговори и рече: „Како ви заповеда Мојсеј?“ 4#5 Мојс 24,1; Мт 5,31Тие рекоа: „Мојсеј дозволи да се напише разводно писмо и да се отпушти.“ 5#3,5Одговори Исус и им рече: „Поради вашето жестоко срце ви ја напишал таа заповед. 6#1 Мојс 1,27; 5,2Во почетокот на создавањето, пак, Бог ги создаде машко и женско. 7#1 Мојс 2,24; 1 Кор 6,16; Ефес 5,31Затоа човек ќе го остави татка си и мајка си, ќе се прилепи до жената своја 8и обата ќе бидат во едно тело; и така, тие веќе не се двајца, туку едно тело. 9Значи, тоа што Бог го сврзал, човек да не го разделува.“ 10И во домот, учениците Негови пак Го прашаа за тоа. 11#Мт 5,32; Лк 16,18; 1 Кор 7,10-11И им рече: „Кој ќе ја напушти својата жена и се ожени со друга, тој прељубодејствува кон неа; 12а и жена, ако го напушти својот маж и се омажи за друг, прељубодејствува.“
Исус ги благословува децата
(Мт 19,13-15; Лк 18,15-17)
13 #
Лк 9,47
И донесуваа кај Него деца, за да се допре до нив, но учениците им забрануваа (на оние што ги носеа). 14И кога го виде тоа Исус, негодуваше и рече: „Оставете ги децата да доаѓаат кај Мене и не пречете им, зашто на такви е царството Божјо. 15#Мт 5,20; 18,3Вистина ви велам, кој не го прима царството Божјо како дете, тој нема да влезе во него.“ 16Прегрнувајќи ги, ги положи рацете врз нив и ги благословуваше.
Исус повикува еден богат човек
(Мт 19,16-30; Лк 18,18-30)
17 #
1,40
А кога излегуваше на пат, дотрча некој, падна на колена пред Него и Го праша: „Учителе добар, што треба да направам, за да наследам живот вечен?“ 18#Пс 34,8Исус му рече: „Зошто ме нарекуваш добар? Никој не е добар, освен единиот Бог! 19#7,10; 2 Мојс 20,12-16; 5 Мојс 5,16-20; 24,14Заповедите ги знаеш: не прељубодејствувај; не кради; не сведочи лажно; не навредувај; почитувај ги татка си и мајка си.“ 20А тој Му одговори и рече: „Учителе, сето тоа сум го запазил уште од младоста своја.“ 21#Мт 6,20; Лк 12,33Кога го погледна Исус, му омиле, па рече: „Уште една работа ти недостасува: оди и продај сѐ што имаш, раздај го на сиромаси и ќе имаш богатство на небото; па дојди и врви по Мене.“ 22Кога ги чу овие зборови, тој се изненади и си отиде нажален, зашто имаше големо богатство. 23#4,19И кога погледа Исус, им рече на учениците Свои: „Колку е тешко за богатите да влезат во царството Божјо!“ 24А учениците се уплашија од зборовите Негови. Но Исус пак им одговори и рече: „Чеда, колку им е тешко на оние, што се надеваат на богатството, да влезат во царството Божјо! 25Полесно камила ќе влезе низ иглени уши, отколку богат човек во царството Божјо.“ 26А тие се чудеа многу и си велеа меѓу себе: „Тогаш, кој може да се спаси?“ 27#14,36; 1 Мојс 18,14; Зах 8,6; Јов 42,2Кога ги погледа Исус, им рече: „За луѓето тоа не е можно, но не и за Бога; зашто за Бога сѐ е можно!“ 28И Петар почна да Му говори: „Ете, ние оставивме сѐ и по Тебе одиме.“ 29#1,1; 8,35А Исус одговори и рече: „Вистина ви велам: нема таков што оставил куќа, или браќа, или сестри, или татко, или мајка, или жена, или деца, или имот, заради Мене и Евангелието, 30а да не примил, и тоа сега, во ова време, стопати повеќе од куќи, и браќа, и сестри, и татко, и мајка, и деца, и нивје, а во идниот век – и живот вечен. 31#Мт 19,30; 20,16; Лк 13,30И мнозина први ќе бидат последни, а последните – први.“
Исус по трет пат ги најавува Својата смрт и воскресение
(Мт 20,17-19; Лк 18,31-34)
32Кога беа на пат, искачувајќи се кон Ерусалим, Исус одеше пред нив, а тие беа вџашени, па, врвејќи по Него, се исплашија. И кога ги повика повторно дванаесетте, почна да им зборува за она што ќе се случи со Него. 33#8,31; Лк 24,7#Мт 8,20„Ете, се искачуваме кон Ерусалим и Синот Човечки ќе биде предаден на првосвештениците и книжниците, и ќе Го осудат на смрт и ќе Го предадат на незнабошците. 34И ќе Го исмеат, и ќе Го бијат, и ќе Го плукаат, и ќе го убијат, и на третиот ден ќе воскресне.“
Молбата на Зеведеевите синови
(Мт 20,20-28)
35 #
Мт 4,21; Лк 9,54 Тогаш пристапија кон Него Заведеевите синови, Јаков и Јован и рекоа: „Учителе, сакаме да ни го исполниш она, што ќе го побараме.“ 36#10,51Тој ги праша: „Што сакате да сторам за вас?“ 37#Мт 19,28; Лк 22,30А тие Му одговорија: „Дај ни да седнеме до Тебе, едниот оддесно, а другиот одлево, во славата Твоја.“ 38#Ис 51,17-22; Ез 23,31-34; Пс 75,8; Лк 12,50Но Тој им рече: „Не знаете што барате! Можете ли да ја испиете чашата што ја пијам Јас и да се крстите со крштавањето, со кое се крштавам Јас?“ 39#Дела 12,2Тие одговорија: „Можеме.“ А Исус им рече: „Чашата, што ја пијам Јас, ќе ја пиете и вие, и со крштавањето, со кое се крштавам Јас, ќе се крстите; 40но, да дозволам да се седи од Мојата десна или лева страна, не зависи од Мене; тоа е за оние, за кои е приготвено.“ 41Десетте, пак, штом го чуја тоа, негодуваа против Јаков и Јован. 42#Лк 22,25Исус, кога ги повика, им рече: „Знаете дека оние, што се сметаат за народни кнезови, господарат над нив, и управниците управуваат над нив. 43#1 Кор 9,19Но меѓу вас нека не биде така; а кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга; 44и кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви биде роб на сите. 45#14,24; Ис 53,11-12; Мт 8,20; 1 Тим 2,5-6Зашто и Синот Човечки не дојде за да Му служат, но да послужи и да го даде животот Свој за откуп на мнозина.“
Слепиот Вартимеј
(Мт 20,29-34; Лк 18,35-43)
46 #
Лк 19,1
Потоа пристигнаа во Ерихон. И кога излегуваше Исус од Ерихон со учениците Свои и со многу народ, Тимеевиот син, Вартимеј#10,46 Бар-Тимеј, кој беше слеп, седеше покрај патот и просеше. 47#11,10; Мт 1,1; 9,27Па, кога чу дека е тоа Исус од Назарет, почна да вика и да вели: „Исусе, сине Давидов, смилувај ми се!“ 48И мнозина му велеа да молчи, но тој уште повеќе викаше: „Сине Давидов, смилувај ми се!“ 49Исус застана и рече да го викнат. И го повикаа слепиот, говорејќи му: „Не плаши се, стани, те вика!“ 50Тој, кога ја фрли горната облека, стана и отиде кај Исус. 51#10,36А Исус, одговарајќи му, го запраша: „Што сакаш да сторам за тебе?“ Слепиот Му рече: „Да прогледам, Учителе!“ 52#5,34; Мт 9,22; Лк 7,50; 17,19; Дела 3,16Исус му рече: „Оди си, верата твоја те спаси!“ И тој веднаш прогледа, па тргна патем по Исус.
Селектирано:
Марко 10: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: