Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Наум 3

3
Казна за градот Ниневија
1 # Ез 24,6 Тешко му на крвничкиот град! Тој е полн со измама и убиства; грабењето не престанува во него. 2Се слуша плускање на бичеви и трескот од тркала како и од потскокнување на бојни коли. 3#Ез 39,11-16Коњаниците потскокнуваат, болскаат мечеви и светкаат копја. Многу убиени и купишта трупови! На трупо­вите им нема крај; и се сопнуваат од нив. 4#Откр 17–18Сето тоа е за многуте блудствувања на убавата на изглед развратница, веш­та во магии, која со блудот свој заведува народи, а со магиите – племиња. 5#2,14; Ос 2,5; Ер 13,22.26Ете, Јас сум против тебе, вели Господ Саваот, ќе ја кренам полата од твојата облека врз твоето лице и ќе им ја покажам на народите твојата голотија, и на царствата – срамотиите твои. 6Ќе нафрлам врз тебе нечистотии, ќе те направам презрена, и ќе те направам за срам. 7#Ис 51,19; Ер 15,5; Пс 69,20И секој, штом ќе те види, ќе побегне од тебе и ќе рече: „Разурната е Нине­вија! Кој ќе ја пожали? Каде да најдам утешител за тебе?“
Судбината на Ниневија е запечатена
8Зар си подобра од Но-Амон, кој ле­жи меѓу речните ракави на Нил; чиј окоп е морето, и тоа му служеше како ѕид. 9#Ис 20,5; Ер 46,9; Дан 11,43Етиопија и Египет со безбројно мно­жество луѓе ти служеа како поткрепа; а и народите на Пут и Либија ти идеа на помош. 10#Ос 10,14; Јоил 4,3; Авд 1,11Па сепак и таа отиде во ропство; дури и децата ѝ се здробени – по сите градски крстосници; а за првенците неј­зини фрлија ждрепка, и сите големци се во вериги оковани. 11И ти така ќе се опиеш и ќе се кри­еш; и ќе бараш засолниште од непријателите свои. 12Сите твои градови се како смокви со зрели плодови: ако ги затресеш, ќе паднат право во устата на оној што сака да ги јаде. 13#Ис 3,12; 19,16; Ер 50,37; 51,30Погледни си го народот: во твојот дом се само жени, на непријателите твои ширум им се отвораат портите на земјата, и оган ги проголта твоите резиња. 14Зафати си вода за опсадата; за­цврсти ги тврдините; влези во кал, гази глина, направи калапи за печење тули. 15#Ер 46,23; 18; 1 Цар 22,17; Ер 51,57; Мт 18,12Таму оган ќе те проголта, меч ќе те исече, ќе те изеде како гасеница, макар и да сте се намножиле како гасеници, па и да сте се намножиле како скакулци. 16Трговците во тебе се повеќе од ѕвездите на небото; но тие како скакулците ќе се распрскаат и ќе одлетаат. 17И кнезовите твои се како скакулци, а војводите – како рој мушички, кои во студено време се гнездат во пукнатини, а кога ќе изгрее сонцето се разлетуваат, и нема да го распознаеш местото каде што биле. 18Спијат твоите пастири, царе асир­ски, почиваат твоите големци; твојот народ се распрснал по горите, и нема кој да го прибере. 19#Ер 10,19; 30,12Нема лек за твојата рана, лута е раната твоја. Сите, што ќе чујат за тебе, ќе ракоплескаат, зашто кој можеше да се спаси од твојата сурова свирепост?

Селектирано:

Наум 3: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се