Неемија 1
1
Неемија ги прима известувањата за Ерусалим
1 #
Зах 7,1; Ест 2,8 Зборовите на Неемија, синот на Хахалија. Во месецот кислев, во дванаесеттата година, кога јас бев во престолниот град Суза, 2#7,2; Ер 52,28дојде Ананија, еден од моите браќа, – тој и неколку мажи од Јудеја. И јас ги прашав за спасените Јудејци што го избегнаа ропството, и за Ерусалим. 3#3 Мојс 26,31; 2 Цар 25,10; Ер 39,8А тие ми рекоа: „Оние што останаа незаробени, се наоѓаат таму, во земјата своја, и се во голема неволја и понижување; а ѕидовите на Ерусалим се урнати, и портите негови – со оган изгорени.“
Молитвата на Неемија за заштита на Ерусалим
4 #
Пс 137,1; Дан 9,3; 10,2; 2 Лет 20,3 Кога ги чув тие зборови, седнав и заплакав и бев нажален неколку дена, постев и се молев пред Бога небесен, 5#5 Мојс 7,9; Дан 9,4и реков: „Господи, Боже небесен, Боже величествен и страшен, Кој го пазиш заветот и милоста кон оние што Те сакаат и постапуваат според Твоите заповеди! 6#2 Лет 6,40Ушите Твои нека бидат внимателни и очите Твои отворени за да ја чујат молитвата на Твојот слуга, со која сега се молам дење и ноќе пред Тебе за синовите Израелови, слугите Твои, и се исповедувам за гревовите на синовите Израелови, со кои згрешивме пред Тебе; згрешивме – јас и домот на мојот татко. 7Ние станавме престапници пред Тебе и не ги запазивме ни заповедите, ни наредбите, ни законите што ги беше дал на Мојсеј, Твојот слуга. 8#3 Мојс 26,33; 5 Мојс 4,27; 30,1-4Но присети се на зборот што му го беше дал на Мојсеј, Твојот слуга, велејќи: ‚Ако станете престапници, ќе ве растурам меѓу народите, 9#5 Мојс 30,4; 1 Цар 8,48; Ис 11,12; Ер 42,12; Ез 11,17; Мих 2,12; Пс 106,47; 107,3а кога ќе се обратите кон Мене и ќе ги пазите Моите заповеди и ќе ги извршувате, тогаш, макар да сте изгонети и на крајот од небото, и оттаму ќе ве приберам и ќе ве одведам на местото што сум го одбрал за да го воведам таму името Свое.‘ 10#2 Мојс 32,11; 5 Мојс 9,29А тие се Твои слуги и Твој народ што Си го откупил со големата Своја сила и со моќната Своја рака. 11Ти се молам, Господи, нека биде увото Твое внимателно кон молитвата на Твојот слуга и кон молитвата на Твоите слуги, кои сакаат да го страхопочитуваат името Твое. Помогни му денес на Твојот слуга и воведи го во милоста пред очите на тој човек!“ Тогаш јас бев винар кај царот.
Селектирано:
Неемија 1: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: