Неемија 12
12
Список на свештениците и левитите
1Еве ги свештениците и левитите, што дојдоа со Зоровавел, синот Салатиилов, и со Јешуа: Сераја, Еремија, Ездра. 2Амарија, Малух, Хатуш, 3Шеханија, Рехум, Меремот, 4Идо, Гинетој, Авија, 5Мијамин, Маадија, Билга, 6Шемаја, Јојарив, Једаја, 7Салу, Амок, Хелкија, Једаја. Тоа се началниците на свештениците и браќата нивни во дните на Јешуа. 8А левитите: Јешуа, Бинуј, Матанија, главен при славословијата, тој и браќата негови, Кадмиел, Шеревија, Јуда, 9#1 Лет 23,28и Бакбукија и Униј, нивни браќа, кои заедно со нив служеа. 10Јешуа го роди Јоаким, Јоаким го роди Елијашив, Елијашив го роди Јојада, 11Јојада го роди Јонатан, Јонатан го роди Јадуа. 12Во дните на Јоаким старешини на свештенички семејства беа: од Сераиевиот дом – Мераја, од Еремиевиот дом – Ананија, 13од домот на Ездра – Мешулам, од Амариевиот дом – Јоханан, 14од Мелихуевиот дом – Јонатан, од Шеваниевиот дом – Јосиф, 15од Харимовиот дом – Адна, од Мерајотовиот дом – Хелкај, 16од Идовиот дом – Захарија, до Гинетоновиот дом – Мешулам, 17од Авиевиот дом – Зихриј, од Минјаминовиот дом и од Моадиевиот дом – Пилтај, 18од Билгаовиот дом – Шамуа, од Шемаевиот дом – Јонатан, 19од Јојаривовиот дом – Матенај, од Једаевиот дом – Озиј, 20од Салаевиот дом – Калај, од Амоковиот дом – Евер, 21од Хелкиевиот дом – Хашавија, од Једаевиот дом – Натанаил. 22Што се однесува до левитите, старешините на нивните семејства беа запишани во списокот во дните на Елијашив, Јојада, Јоханан и Јадуа; и исто така и свештениците до царувањето на Дариј персиски. 23Синовите Левиеви, племенски старешини, се запишани во летописот до дните на Јоханан, Елијашивовиот син. 24Началници на левитите беа: Хашавија, Шеревија, и Јешуа, Кадмиеловиот син, и браќата нивни, при нив поставени за славословие при благодаренијата, според наредбата на Давид, Божји човек, смена по смена. 25Матанија, Бакбукија, Авдија, Мешулам, Талмон, и Акув беа вратари, кои чуваа стража при вратните прагови. 26Тоа беше во дните на Јоаким, синот на Јешуа, Јоседеков син, и во дните на Неемија и на свештеникот Ездра, книжник.
Неемија управува со осветувањето на ѕидините
27 #
5 Мојс 20,5; 2 Сам 6,5; Езд 3,10; 1 Лет 15,16; 25,6 Кога требаше да се осветуваат ерусалимските ѕидови, ги повикаа левитите од сите места, и им заповедаа да дојдат во Ерусалим за да се изврши осветувањето и радосното празнување во славословија и песни, при звукот на кимвали, псалтири и гусли. 28Се собраа синовите на певците од Ерусалимскиот округ и од селата Нетофатски, 29и од Бет-Гилгал, и од околината на Гева и Азмавет, зашто певците си беа изградиле села во околината на Ерусалим. 30#2 Мојс 19,10; Јов 1,5И се очистија свештениците и левитите, го очистија и народот и портите и ѕидовите. 31Тогаш ги изведов на ѕидот јудејските началници и поставив два големи хора певци, и едниот од нив одеше десно по ѕидот кон Гноишните Порти. 32По нив одеше Хошаја и половината јудејски началници: 33Азарија, Ездра, Мешулам, 34Јуда, Венијамин, Шемаја и Еремија; 35а од синовите свештенички со труби: Захарија, син на Јонатан, син на Шемаја, син на Матанија, син на Михаја, син на Закур, Асафов син, 36и браќата негови: Шамаја, Азариил, Милалај, Гилалај, Маај, Натанаил, Јуда и Ананија со свирките на Давид, Божјиот човек, и книжникот Ездра пред нив. 37До Изворните Порти, спроти нив, тие излегоа по степеништата на Давидовиот град, по скалите што водеа кон ѕидот над Давидовиот дом, до Водните Порти на исток. 38Другиот хор врвеше наспроти нив, а по него јас и половината од народот, по ѕидот од Кулата кај печката до широкиот ѕид, 39#2 Лет 33,14и од Ефремовите Порти, покрај Старите Порти и Рибните Порти и Хананеловата Кула, и кулата Меа, кон Овчите Порти, и застанавме при Затворските Порти. 40Потоа и обата збора застанаа пред Божјиот дом, а и јас и половината началници со мене, 41и свештениците: Елијаким, Маасеја, Минјамин, Михаја, Елјоенај, Захарија и Ананија со трубите, 42Маасеја, Шемаја, Елеазар, Озиј, Јоханан, Малкија, Елам и Езер. А певците пееја високо; водач им беше Јизрахија. 43Во тој ден се принесоа големи жртви и се веселеа, зашто Бог им беше дал голема радост. Се радуваа и жените, и децата и веселбата ерусалимска се слушаше надалеку.
Деловите зачувани за свештениците и левитите
44 #
3 Мојс 27,30; 5 Мојс 18,8 Во истиот ден беа поставени луѓе над одделите за приноси од првините и десетоците, за да ги собираат од нивите околу градовите, делови определени со законот за свештениците и левитите, зашто на Јудејците им беше драго да ги гледаат свештениците и левитите кои служеа, 45#1 Лет 23; 25–26; 2 Лет 8,14и вршеа служба на својот Бог и работите околу очистувањето и беа певци и вратари, според наредбата на Давид и синот негов Соломон. 46#Пс 137,4; 2 Лет 29,27; 35,15Зашто уште одамна, во дните на Давид и Асаф, беа установени главни певци, како и песни за Бога, пофални и благодарствени. 47#5 Мојс 18,8Сите Израелци во дните на Зоровавел и во дните на Неемија им даваа делови на певците и на вратарите како храна за секој ден, и им ги даваа осветените приноси на левитите, а левитите им даваа на Ароновите синови.
Селектирано:
Неемија 12: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: