Неемија 4
4
Неемија ги вооружува работниците
1 #
2,10
Кога слушнаа Санавалат и Товија, и Арабјаните, и Амонците, и Ашдодците, дека ерусалимските ѕидови се возобновуваат и дека расипаното почна да се поправа, многу се разгневија. 2#Ер 26,18; Пс 79,1И се договорија да одат заедно да војуваат против Ерусалим и да го разрушат. 3А ние Му се молевме на нашиот Бог и поставивме спроти нив стража дење и ноќе за да се спасиме од нив. 4#Ер 33,24; Пс 123,3-4Но Јудејците рекоа: „Ослабна силата на носачите, а земја од урнатините има многу; не можеме да го градиме ѕидот.“ 5#2 Цар 14,27; Ис 2,9; Ер 18,23; Пс 69,26-27А непријателите наши, пак, велеа: „Нема да успеат и нема да видат, кога наеднаш ќе влеземе меѓу нив, ќе ги убиеме, и ќе ја запреме работата.“ 6Доаѓаа Јудејците што живееја до нив, и ни говореа на десетина пати од сите места дека ќе нѐ нападнат, 7#2,10тогаш по ниските места на градот, зад ѕидот, по сувите места, го построија народот по родови со мечевите нивни, со копјата нивни и со лаковите нивни. 8#Пс 2,2; 83,1-4Па погледнав и станав, та им реков на првенците и војводите и на другиот народ: „Не плашете се од нив; спомнете си за Господ Кој е величествен и влева страхопочит и бијте се за браќата свои, за синовите свои, за ќерките свои, за жените свои и за куќите свои.“ 9Кога слушнаа нашите непријатели дека ни е познато што кројат, тогаш Бог го растури нивниот заговор, и ние сите се вративме кај ѕидот, секој на својата работа. 10Од тој ден половина од моите слуги работеа на изградбата, а другата половина стоеше со копја, штитови, лакови и оклопи; а нивните водачи беа зад целиот дом Јудин. 11Оние што го градеа ѕидот и носеа товари, така го правеа тоа, што со едната рака ја извршуваа работата, а во другата рака држеа копје. 12Сите градители беа препашани со меч околу половината, и така градеа, а до мене беше трубачот. 13И им реков на водачите и началниците и на другиот народ: „Работата е голема и нашироко распространета, а ние сме распрснати по ѕидот и оддалечени едни од други; 14#1 Мојс 28,15; 5 Мојс 1,29; 2 Сам 10,12затоа, од каде ќе чуете звук на труба, накај тоа место собирајте се кон нас: нашиот Бог ќе се бори за нас.“ 15Така ја теравме работата; и половината ги држеа копјата откако зората ќе се појави, сѐ додека ѕвездите да излезат. 16Освен тоа, истовремено му бев порачал на народот сите да ноќеваат во Ерусалим, заедно со слугите свои за да бидат тие кај нас ноќе на стража, а дење на работа. 17#Пс 149,6И ниту јас, ниту браќата мои, ниту стражарите што ме придружуваа, не ги соблекувавме облеките свои, и секој од нас имаше при рака меч и вода.
Селектирано:
Неемија 4: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: