Изреки 1:10-16
Изреки 1:10-16 MK2006
Синко, ако те мамат грешници, не попуштај; ако кажат: „Дојди со нас, да направиме заседа за убиство, да го пречекаме непорочниот без вина, жив да го голтнеме, како што голта пеколот, и цел како оној што слегува во гроб; да си натрупаме секаков скапоцен имот, да ги наполниме куќите наши со плен; ти ќе фрлаш ждрепка заедно со нас, една торба ќе има за сите нас.“ Синко, не оди на пат со нив, задржи си ја ногата од патеките нивни, зашто нозете нивни трчаат кон злото и брзаат крв да пролеваат;

