Изреки 14
14
1 #
9,1; 24,3 Мудрата жена си ја гради куќата, а глупавата ја урива со своите раце. 2#14,31Кој оди по прав пат, се плаши од Господ; на кого патиштата му се криви, тој Го презира (Господа). 3#12,6Во устата на безбожникот е камшикот на гордоста; а мудрите ги чува нивната уста. 4#12,10Каде што нема волови, амбарите се празни; а од силата на воловите има изобилно жито. 5#12,17; 19,5Верен сведок не лаже, а лажливиот сведок шири многу лаги. 6#17,24Развратникот бара мудрост, и не ја наоѓа; а разумниот до знаењето лесно доаѓа. 7#23,9Бегај од безумен човек, кај него нема да најдеш разумна уста. 8#15,21Мудар човек внимава на своето однесување, неразумноста на глупавите ги води во заблуда. 9#3,34; 11,20За глупавите гревот е шега, а со праведните е милоста Божја. 10#15,13Секој сам ги доживува своите таги и своите радости и никој друг не може со него да ги сподели. 11#12,7; 15,25Куќата на беззакониците ќе се сотре, а живеалиштето на праведните ќе преуспее. 12#12,15; 16,25Има патишта, кои на човек му изгледаат прави, но крајот нивни води во смрт. 13#Проп 7,2-4И при смеа понекогаш срцето боли, а по радоста настапува тага. 14#10,24Човек со развратно срце ќе ги добие плодовите на своето однесување, а добриот – ќе живее во задоволство. 15#1,32-33Неразумниот верува на секој збор, а благоразумниот е внимателен на своите чекори. 16#22,3; 27,12Мудриот има страв и бега од злото, а неразумниот не се чува, бидејќи се чувствува безбеден. 17#14,29; 15,18; 19,11; 29,22Избувливиот човек прави глупости, а пакосниот е омразен. 18#3,35Безумните глупост добиваат за награда, а благоразумните се украсуваат со знаење. 19#11,21; 12,21Лошите ќе се поклонат пред добрите, а безбожните – пред вратите на праведникот. 20#19,4.7Сиромавиот го мразат дури и неговите блиски, а богатиот има многу пријатели. 21#11,12; 14,31; Мт 5,7Греши оној што го презира својот ближен, а блажен е оној што е милосрден кон сиромасите. 22#20,28; 21,16Нели се заблудуваат оние, што кројат зло? Но милост и верност има кај оние што мислат добро. 23#12,11; 28,19Од секој труд има добивка, а празните зборови водат кон скудност. 24#8,18; 24,3Венец на мудрите е богатството нивно, а животот на безумните е глупост. 25#24,28; 25,18Верен сведок души спасува, а лажливиот лаги измислува. 26#19,23Во стравот пред Господ има голема надеж, и на чедата Свои Тој им е прибежиште. 27#13,14Стравот Господов е извор на животот, извор што оддалечува од мрежите на смртта. 28#17,6Во многуброен народ е величието на царот, а кога нема народ – пропаст е за господарот. 29#16,32; 19,11; 29,20; Јк 1,19Кај трпеливиот човек разум има многу, а лутиот полн е со глупости. 30#15,13Кроткото срце е живот за телото, а зависта е гнилеж за коските. 31#14,21; 17,5Кој притеснува сиромав, го навредува неговиот Создател, а кој Го почитува Создателот, му прави добро на оној што е во нужда. 32#24,16; 28,1За своето зло безбожниот ќе пропадне, а праведниот и при смртта ќе има надеж. 33#18,2; 24,7Мудроста почива во срцето на разумниот, а во срцето на безумниот ја нема. 34#11,11Правдата народ подига, а беззаконието срамоти народи. 35#16,13; 22,11На царот мил му е разумниот слуга, а се разгневува против оној, кој го посрамува.
Селектирано:
Изреки 14: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: