Изреки 21
21
1 #
16,10; 24,21 Срцето на царот е во раката Господова, како водните потоци: Тој го насочува, каде што ќе посака. 2#16,2Сите патишта на човекот се прави пред очите негови; но Господ ги мери срцата. 3#1 Сам 15,22; Ис 1,11; Ос 6,6Да ја пазиш правдата и правосудието, Му е поугодно на Господ, отколку жртвите. 4#6,17; 8,13; 24,20Горделивите очи, надуеното срце, сјајот на грешник – сето тоа е грев. 5#10,4; 13,4; 28,22Мислите на трудољубивите се стремат кон изобилие, а секој што пребрзува, трпи немаштија. 6#13,11; 20,21Богатство добиено со лажлив јазик е суета, која брзо одминува кај оние што ја бараат смртта. 7#10,24Насилството на безбожниците ќе се струполи врз нив, зашто се откажале да го прават она што е добро. 8#2,15Крив е патот на развратниот човек; а на чесниот постапките му се прави. 9#19,13; 21,19; 25,24; 27,15Подобро е да живееш во агол под покривот, отколку во голема куќа со жена кавгаџика. 10#14,21Душата на безбожниот сака зло: во неговите очи нема да најде милост ни пријателот негов. 11#19,25Кога го казнуваат арогантниот, простиот станува мудар; и кога мудриот го вразумуваат, тој се здобива со знаење. 12#14,11Сеправедниот го набљудува домот на нечесните: тој ја забрзува нивната несреќа. 13#14,31; Мт; 18,30-34Кој ги покрива ушите свои пред пискотот на сиромавиот, тој и самиот ќе пишти, – и нема да го чујат. 14#17,8; 18,16; 19,6Таен подарок го стивнува гневот, а дар под рака – и жестоката јарост. 15#10,29Да го пази правосудието е радост за праведникот и страв за оние, што вршат зло. 16#9,18Човек кој скршнал од патот на разумот, ќе се насели во собранието на мртвите. 17#23,21Кој сака веселби, ќе осиромаши, а кој сака вино и мрс, нема да се збогати. 18#11,8Грешниот ќе биде откуп за праведниот, и лукавиот – за простодушниот. 19#21,9Подобро да живееш во пуста земја, отколку со жена лута и кавгаџика. 20#8,21; 22,4Скапоцени добра и масло има во куќата на мудриот, а безумниот човек ги растура. 21#22,4Кој ја пази правдата и милоста, ќе најде живот, правда и слава. 22#24,5; Проп; 9,14-16; 2 Кор 10,4Мудриот влегува во градот на силните и ја соборува силата, на која тие се надевале. 23#12,13; 13,3; 18,21Кој ја чува устата своја и јазикот свој, ја чува душата своја од зло. 24#3,34; 24,9На дрскиот силник – името му е потсмевач – дејствува со прекумерна дрскост. 25#13,4; 20,4Гладот мрзливиот го убива, зашто рацете негови откажуваат да работат; 26#26,13-16тој секој ден гладува, а праведниот дава и не му е жал. 27#15,8; Ис 1,13Жртвата на безбожниците е одвратност пред Господ, зашто ја принесуваат со лукавство. 28#12,19; 19,5.9Лажниот сведок ќе загине, а човек, кој говори она што знае, ќе говори секогаш. 29#11,5Безбожниот човек има дрско лице, а праведниот право оди по патот свој. 30#20,24Нема мудрост, нема разум, нема совет – против Господ. 31#16,3Коњот го подготвуваат за денот на битката, но победата е од Господ.
Селектирано:
Изреки 21: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: