Изреки 30
30
Зборовите на Агур
1 #
4,1-2
Зборовите на Агур, син Јакеов; негово пророштво, кажано на Итиел, на Итиел и Укал. 2Навистина, јас сум понеук од кого и да било меѓу луѓето, и во мене нема разум човечки, 3и не се научив на мудрост, и не успеав да Го запознаам Сесветиот. 4#8,22-31#Јн 3,13; Рим 10,6Кој се искачил на небото и слегол оттаму? Кој собрал ветар во пазувата своја? Кој врзал вода на наметката своја? Кој ги поставил сите краишта на земјата? Како му е името? И кое е името на синот негов? Знаеш ли? 5Секој збор од Бога е чист; Тој му е штит на оној, што се надева на Него. 6Не додавај кон зборовите Негови, за да не те разобличи, и да не излезеш лажливец. 7#15,15За две работи те молам; не ми откажувај пред да умрам: 8#Мт 6,11суетата и лагата оддалечи ги од мене, сиромаштија и богатство не ми давај, – храни ме со насушниот леб, 9та, откако ќе се пренаситам, да не се откажам од Тебе и да кажам: „Кој е Господ“ или, откако ќе осиромашам, да не почнам да крадам и да го употребувам името на мојот Бог напразно. 10#21,23Не клевети го слугата пред господарот негов, за да не те проколне, и ти да останеш виновен. 11#20,20Има изроди, кои го колнат својот татко и не ја благословуваат својата мајка. 12#16,2Лошото чедо се смета за чисто, а не е измиено од нечистотиите свои. 13#6,17Лошото чедо високо ги држи очите свои, и толку се кренати клепките негови! 14#1,12Има изроди чии заби се како мечеви, а вилиците нивни се како ножеви, за да ги изедуваат сиромасите по земјата и немоќните меѓу луѓето.
Цифрени изреки
15 #
27,20
Ненаситноста има две ќерки: „Дај, дај!“ Има три работи ненаситни и четири што не велат: „Доволно е.“ 16Тоа се: пеколот и утробата неплодна, земјата што не се наситува со вода, и огнот, кој не вели: „Доста!“ 17#15,20Око, што му се потсмева на татко си и не сака да се покорува на мајка си, ќе биде исколвано од долински гаврани и од орлови пилци изедено! 18#5,15-20Три работи се недостижни за мене, и четири што не ги разбирам: 19патиштата на орелот по небото, ползењето на змијата по карпите, патеките на бродот среде море и патот на маж кон девица. 20Таков е патот и на жена прељубница: се најала и ја избришала устата своја, па вели: „ништо лошо не сум направила.“ 21#19,10; 27,15-16Од три работи се тресе земјата, и четири кои не може да ги поднесе: 22слуга, кога ќе стане цар; безумен, кога до наситување ќе се најаде со храна, 23развратна жена, кога ќе се омажи, и слугинка, кога го зазема местото на господарката своја. 24#6,6-8Има четири мали животни на земјата, но тие се помудри и од мудреците: 25мравките – во кои нема сила, но лете сепак си ја приготвуваат храната; 26јазовците – иако слаби животни, но ги прават куќите свои во камен; 27скакулците, кои немаат цар, но излегуваат во војна сите во редови; 28#19,12пајакот, кој со раце се лови, но се наоѓа и во царските палати. 29Еве три, кои убаво чекорат, и четири, кои свечено настапуваат: 30лавот, најсилен меѓу ѕверовите, кој нема да се врати и да се исплаши од никого; 31грациозна газела или козел, и цар на чело на својата војска. 32#29,22Ако гордоста те тера на безумни дела и си намислил зло, стави ја раката на устата своја. 33Зашто, како што кога се бие млеко, се добива масло, и кога ќе се удри носот, потечува крв, така и кога се предизвикува гнев, произлегува кавга.
Селектирано:
Изреки 30: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: