Лого на апликацијата „Библија“
Икона за пребарување

Изреки 6:20-24

Изреки 6:20-24 MK2006

Синко, чувај ја заповедта на својот татко и не отфрлај ја поуката на мајка си; врзи ги засекогаш за срцето свое, врзи ги околу вратот свој. Кога тргнуваш, тие ќе те раководат; кога легнеш да спиеш, ќе те чуваат, а кога ќе се разбудиш, ќе разговараат со тебе; зашто заповедта е светило, добриот совет – светлина, а поуката – пат кон животот, за да те чуваат од расипана жена, од ласкав јазик на туѓа.