Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 106

106
ПСАЛМ 106
Благодарствена песна за милост Божја кога Израел згрешил
1 # 100,5; 107,1; 118,1.29; 135,3; 136,1; Ер 33,11; Езд 3,11; 1 Лет 16,34 Алилуја! Славете Го Господа, зашто е добар, зашто Неговата милост е вечна. 2Кој ќе ја искаже силата на Господ, кој ќе ја разгласи сета похвала Негова? 3#112,1-10; Ис 56,1-2; Јк 1,25Блажени се оние што се држат до правдата и вршат праведност во секое време. 4#25,7; Неем 5,19; 13,13.21.30Сети се на мене, Господи, во благо­волението Свое кон Твојот на­род; помогни ми кога ќе ги спасуваш нив, 5за да ги видам во добрини Твоите избраници, за да се развеселам со веселбата на Твојот народ, за да се пофалам заедно со Твоето наследство. 6#78,11-17; 3 Мојс 26,40; 1 Цар 8,47; Дан 9,5Згрешивме ние и татковците наши, правевме беззаконија, постапувавме нечестиво. 7#78,11; Неем 9,17Нашите татковци во Египет не ги ценеа Твоите чудеса, не ги помнеа мно­гуте милости Твои и се побунија кога се приближија до Црвеното Море. 8#23,3; 25,11; 31,3; 109,21; Ис 48,9-11; Ез 20,9.14; 36,20-21; 39,24Но Тој ги спаси заради името Свое, за да им ја покаже силата Своја. 9#66,6; 2 Мојс 14,21-22; Ис 63,13; Наум 1,4Му се закани на Црвеното Море, и тоа се исуши; и ги преведе по бездните како по пустина; 10#107,2; 2 Сам 22,18; Лк 1,71и ги спаси од рацете на оние што ги намразија и ги избави од рацете на непријателите. 11#2 Мојс 14,27-28; 15,4-5Водите ги покрија нивните неприја­тели; не остана ниеден од нив. 12#2 Мојс 14,31; 15,1-21И тие поверуваа на зборовите Него­ви и Му испеаја похвала. 13#Плач 3,26Но тие набргу ги заборавија делата Негови, не го дочекаа Неговото реше­ние; 14#78,18; 95,9; 2 Мојс 15,24; 16,3; 4 Мојс 11,4-6се занесоа од похотливоста во пус­тината, па Го искушуваа Бога во без­водната земја. 15#4 Мојс 11,33Тој го исполни нивното барање, но прати и пораз за душите нивни. 16Му позавидоа на Мојсеј во логорот и на Арон, светецот Гос­подов. 17#4 Мојс 16,32; 5 Мојс 11,6Се отвори земјата, го голтна Датан и ја покри дружината на Ави­рон. 18#4 Мојс 16,35; Ис 26,11; Евр 10,27И пламна оган врз нив, и пламенот ги изгори нечестивите. 19#2 Мојс 32; 5 Мојс 9,8-21; 9,24-28Направија теле на Хорив и му се поклонија на идолот. 20#Ер 2,11; Рим 1,23Ја заменија својата слава со лик на теле, што јаде трева. 21#78,43; 105,27; 5 Мојс 32,18; Ер 2,32; Дела 7,36Го заборавија Бога, својот Спаси­тел, Кој изврши големи дела во Египет, 22чудеса во Хамовата земја, страш­ни дела при Црвеното Море. 23#2 Мојс 32,7-14; 4 Мојс 14,11-20; 5 Мојс 9,25-29; Ер 15,1; Ез 22,30И рече дека ќе ги истреби, но Мој­сеј, Неговиот избраник, се застапи за нив во пукнатината, за да ја од­врати јароста Негова, та да не ги погуби. 24#4 Мојс 13,25-33; 14,1-37; 5 Мојс 1,25-36Тие ја презреа саканата земја, не Му веруваа на зборот Негов; 25#4 Мојс 14,2; 5 Мојс 1,27и роптаа во шаторите свои, не го послушаа гласот Господов. 26#3 Мојс 26,33; 4 Мојс 14,30; 5 Мојс 1,34-35; Ез 20,6; 20,14.22Тој крена рака и им се заколна дека ќе ги погуби во пустината, 27#3 Мојс 26,33; 5 Мојс 4,27; Ез 20,23ќе го расее нивното семе меѓу на­родите и дека ќе ги растури по земјите. 28#4 Мојс 25; 5 Мојс 26,14Тие се придружија кон Ваал-Пе­ор и јадеа жртви, принесувани на мртви, 29#4 Мојс 25,3-9; 1 Кор 10,8Го дразнеа Бога со делата свои, и на нив падна погибел. 30#4 Мојс 25,7-13Но стана Пинеас, се зазеде и по­морот престана. 31#4 Мојс 25,11-13И тоа му се прими за праведност од род во род довека. 32#81,7; 95,8-9; 2 Мојс 17,1-7; 4 Мојс 20,2-13; 5 Мојс 1,37; 32,51-52И Го разгневија Бога кај водите на Мерива, и Мојсеј настрада заради нив, 33#Ис 63,10зашто тие го огорчија духот негов, и тој згреши со устата своја. 34#2 Мојс 23,32-33; 34,10-15; 5 Мојс 7,1.16; Суд 1,21-33; 2,2; 3,4-5Не ги истребија народите, за кои им беше рекол Господ, 35#3 Мојс 18,3; Суд 2,12.17.19; 3,4-5туку се смешаа со незнабошците и свикнаа на нивните дела; 36#2 Мојс 23,33; 5 Мојс 7,16; Суд 2,3.12; Ис.Н. 23,13им служеа за нивните идоли, кои им станаа замка, 37#2 Мојс 34,16; 3 Мојс 18,21; 5 Мојс 32,17; 2 Цар 16,3; 17,17; 21,5; 23,10; Ис 57,5; Ер 3,6-8; 7,30; 19,3-4; 32,35; Ез 16,20; 20,29; 1 Кор 10,20и ги жртвуваа синовите свои и ќер­ките свои на злите духови; 38и проливаа невина крв, крвта на синовите свои и на ќерките свои, што им ги жртвуваа на хананските идоли, па земјата се извалка од таа крв; 39се осквернија со делата свои, блудствуваа со постапките свои. 40#Суд 2,11-19; Ис 63,7-9Се разгоре гневот на Господ против Неговиот народ, и Му омрзна наследството Негово, 41па ги предаде во рацете на непријателите и завладеаја над нив оние што ги мразеа. 42Непријателите нивни ги угнетуваа, и тие се покоруваа под нивната рака. 43Многупати ги избавуваше, но тие беа бунтовни со своите намери, па беа понижени поради своите беззаконија. 44Па сепак, Тој погледна на нивната потиштеност, кога ги слушаше нивните молби, 45#3 Мојс 26,42; 1 Цар 8,50; Ер 42,12; Езд 9,9; Лк 1,72си спомна на Својот завет со нив, се сожали поради големата милост Своја; 46па поттикна сожалување спрема нив кај оние што ги беа заробиле. 47#5 Мојс 30,3; 1 Лет 16,35-36Спаси нѐ, Господи, Боже наш, и со­бери нѐ од незнабошците за да го сла­виме Твоето свето име, да се фалиме со Твојата слава! 48#89,52; Лк 1,68; Откр 19,4Нека е благословен Господ, Бог Израелов, отсекогаш засекогаш! И сите луѓе нека велат: Амин! Амин! Алилуја.

Селектирано:

Псалми 106: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се