Псалми 115
115
ПСАЛМ 115
Божјата слава
1 #
23,3; Ис 48,11; Ез 36,22 Не нам, Господи, не нам, туку на Своето име дај му слава, заради Твојата милост, заради Твојата вистина, 2#42,3; 79,10; Јоил 2,17да не речат незнабошците: „Па каде е нивниот Бог?“ 3#135,6; Јона 1,14; Јов 23,13Нашиот Бог е горе на небесата; врши сѐ, што сака. 4#135,15-18; 5 Мојс 4,28; Ис 44,9-20; 46,5-6; Ер 10,1-2; 2 Лет 32,19; 15,15; Откр 9,20А идолите на незнабошците се сребро и злато, дело на човечки раце: 5уста имаат, а не зборуваат, очи имаат, но не гледаат; 6имаат уши, но не слушаат; имаат ноздри, но не мирисаат; 7раце имаат, но не пипаат; нозе имаат, но не одат; тие не пуштаат глас од грлото свое. 8Слични на нив се и оние што ги прават, такви се и оние што се надеваат на нив. 9#130,7Доме Израелов, надевај се во Господ; Тој е наш помошник и заштитник. 10Доме Аронов, надевај се во Господ; Тој е наш помошник и заштитник. 11Вие кои се боите од Господ, надевајте се во Господ; Тој е ваш помошник и заштитник. 12Господ се сеќава на нас и нѐ благословил, го благословил домот Израелов, го благословил домот Аронов, 13#Ер 31,34; Откр 11,18; 19,4ги благословил оние, кои се бојат од Господ, мали и големи. 14#127,3; 5 Мојс 1,10-11Нека ви придаде Господ вам повеќе, вам и на вашите деца. 15#134,3; 1 Мојс 14,19; 1 Сам 23,21Благословени да сте од Господ, Кој ги создаде небото и земјата. 16#1 Мојс 1,28Небесата се Господови небеса, а земјата Тој им ја даде на синовите човечки. 17#6,5; 94,17; Ис 38,18-19Не ќе Те слават мртвите, Господи, ниту оние што слегуваат во местото на молкот, 18#113,2туку ние живите ќе Го благословуваме Господа отсега и засекогаш.
Селектирано:
Псалми 115: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: