Псалми 118
118
ПСАЛМ 118
Праведните се радуваат на победата
1 #
100,5; 106,1; 136,1-2 Славете Го Господа, зашто Тој е добар, зашто милоста Негова е вечна. 2#115,9-11; 135,19-20; 136; Лк 1,50Нека каже сега домот Израелов дека милоста Негова е вечна. 3Нека рече сега домот Аронов дека милоста Негова е вечна. 4Нека кажат сега сите, кои се бојат од Господ: дека милоста Негова е вечна. 5#4,1; 18,6.19; 120,1Кога бев на мака, Го повикав Господа и Тој ме услиши и на ширина ме изведе. 6#27,1; 56,4.11; Ис 50,7; 51,11; Рим 8,31; Евр 13,6Господ е мој помошник, нема да се плашам: што може да ми направи човек? 7#54,5; 112,8Господ ми е помошник: и јас победоносно ќе гледам на непријателите мои. 8#146,3Подобро е да се надевам во Господ, отколку да се надевам во човек. 9Подобро е да се надеваш во Господ, отколку да се надеваш во кнезови. 10#22,12; 5 Мојс 1,44Сите народи ме опколија, но со името Господово јас ги разбив; 11ме опседнаа, ме обиколија, но со името Господово јас ги победив. 12Ме опкружија како пчели околу сотка, па се запалија како оган во трње: со името Господово јас им се противставив. 13Ме турнаа силно за да паднам, но Господ ми помогна. 14#2 Мојс 15,2; Ис 12,2Господ е крепост моја и сила; Тој стана мое спасение. 15#98,1; 138,7; 2 Мојс 15,6Глас на радост и на спасение се слуша во домовите на праведните; десницата на Господ дава сила! 16Десницата Господова ме возвишува, десницата Господова дава сила. 17#Ис 38,19; Ер 30,11; 2 Кор 6,9Нема да умрам, но ќе живеам и ќе ги разгласувам делата Господови. 18Господ строго ме казни, но на смрт не ме предаде. 19#24,7-10; Ис 26,2Отворете ми ја вратата на правдата: ќе влезам во неа, ќе Го прославувам Господа. 20#Ис 1,26; 26,2; Откр 22,14Ете, тоа е вратата Господова, праведните влегуваат низ неа; 21ќе Те славам, зашто ме услиши и стана спасение мое. 22#Ис 28,16; Зах 3,9; 4,6; Мт 21,42; Мк; 12,10-11; Лк 20,17; Дела 4,11; 1 Кор 3,11; Ефес 2,20; 1 Птр 2,7Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана камен темелник. 23Тоа е од Господ, и прекрасно е во очите наши. 24Ова е денот што го создаде Господ за да се зарадуваме и да се развеселиме во него. 25#Неем 1,11О, Господи, спаси нѐ! О, Господи, побрзај! 26#129,8; 134,3; Мт 21,9; 23,39; Мк 11,10; Лк 13,35; 19,37; Јн 12,13Нека е благословен оној, кој оди во името на Господ! Ве благословуваме од домот Господов. 27#18,28; 3 Мојс 23,40; Ис 60,1; Неем 8,15Бог е Господ и Тој нѐ осветлува; образувајте празнична придружба до роговите на жртвеникот. 28#99,5; Ис 25,1Бог мој си Ти и Тебе ќе Те славам; Бог мој си Ти и Тебе ќе Те превознесувам. 29Славете Го Господа, зашто Тој е добар, зашто милоста Му е вечна.
Селектирано:
Псалми 118: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: