Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 136:1-26

Псалми 136:1-26 MK2006

Славете Го Господа, зашто е добар, зашто е вечна милоста Негова. Славете Го Бог на боговите, зашто е вечна милоста Негова. Славете Го Господа над господа­рите, зашто е вечна милоста Негова, Единиот Кој прави големи чудеса, зашто е вечна милоста Негова; Кој премудро го создаде небото, за­што е вечна милоста Негова; Кој ја утврди Земјата врз водите, зашто е вечна милоста Негова; Единиот Кој ги создаде големите светила, зашто е вечна милоста Не­гова; сонцето – да управува со денот, за­што е вечна милоста Негова; месечината и ѕвездите – да управуваат со ноќта, зашто е вечна милоста Негова. Кој го порази Египет и првороде­ните негови, зашто е вечна милоста Негова; Кој го изведе Израел од средината нивна, зашто е вечна милоста Негова; со цврста рака и подигната мишка, зашто е вечна милоста Негова; Кој го раздвои Црвеното Море, за­што е вечна милоста Негова; и го преведе Израел среде него, зашто е вечна милоста Негова; а фараонот и војската негова ги фрли во Црвеното Море, зашто е вечна милоста Негова. Кој го преведе Својот народ преку пустината, зашто е вечна милоста Негова; Кој порази големи цареви, зашто е вечна милоста Негова; и ги погуби силните цареви, зашто е вечна милоста Негова; Сихон, царот аморејски, зашто е вечна милоста Негова; и Ог, царот башански, зашто е вечна милоста Негова; и му ја даде земјата во наследство, зашто е вечна милоста Негова; во наследство на Својот слуга, Израел, зашто е вечна милоста Негова; Кој се сеќава на нас во нашето по­нижување, зашто е вечна милоста Не­гова; и нѐ избавува од непријателите наши, зашто е вечна милоста Негова; и Кој дава храна на секоја плот, зашто е вечна милоста Негова. Славете Го небесниот Бог, зашто е вечна милоста Негова.