Псалми 139
139
ПСАЛМ 139
Бог сѐ знае и сѐ гледа
1 #
Ер 12,3
Господи, Ти си ме испитал и ме знаеш. 2#94,11Ти знаеш кога седнувам и кога станувам; Ти оддалеку ги разбираш мислите мои. 3#Јов 13,27Одам или лежам, Ти сѐ гледаш, сите патишта мои си ги предвидел. 4Уште зборови не ми дошле до јазикот мој, Ти, Господи, веќе ги знаеш: 5Ти ме опкружуваш, зад мене си, пред мене си; раката Твоја е положена над мене. 6Се восхитувам на Твоето знаење, – тоа е превисоко, не можам да му пријдам! 7Каде да одам од Твојот дух, и од лицето Твое каде да побегнам? 8#Ер 23,24; Амос 9,2Ако се искачам на небото – Ти си таму; ако слезам во Подземјето#139,8 на еврејски „шеол“ е „свет на мртвите, Подземје, Ад.“, Ти си и тука. 9Ако ги земам крилјата на зората и се преселам на крајот од морето, – 10и таму ќе ме води Твојата рака, Твојата десница ќе ме држи. 11#Јов 24,17Ако речам: можеби темнина ќе ме покрие, но и ноќта е како светлина околу мене; 12#Дан 2,22и темнината нема да биде темнина за Тебе; и ноќта за Тебе е светла како ден и темнината како светлина. 13#71,6; Јов 10,9-12Зашто Ти си ја создал мојата внатрешност и ме оформи во мајчината ми утроба. 14Те прославувам затоа што сум чудесно создаден. Прекрасни се Твоите дела; душата моја тоа добро го знае. 15Ниедна моја коска не се сокри од Тебе, додека настанував во тајност, исткаен во длабините на земјата. 16#Ис 4,3; Дан 12,1Твоите очи го видоа зародишот мој и во Книгата Твоја сѐ е запишано за мене дури и деновите мои се забележани кога уште не постоеше ниеден. 17Колку ми се недостапни Твоите мисли, Боже, колку се многубројни! 18Да ги пребројам – но тие се побројни и од песокот; се будам и сѐ уште сум со Тебе. 19#119,115Кога би сакал да ги убиеш, Боже, грешниците; иставете се од мене, крвопијци! 20Подмолни се во помислите свои, суетно се креваат Твоите непријатели. 21#26,2; Ер 6,27; Јов 23,10Зар не ги замразив оние, Господи, кои Тебе Те мразат, и зар не се гнасам од непријателите Твои? 22Со полна омраза ги замразив; ги сметам за непријатели. 23#17,3; 26,2Испитај ме, Боже, и познај го срцето мое; испитај ме и запознај ги патеките мои; 24и види дали сум на пат на беззаконија, и упати ме на вечен пат.
Селектирано:
Псалми 139: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: