Псалми 145
145
ПСАЛМ 145
Прославување на небесниот Цар
1 #
34,1; 44,4 Ќе Те превознесувам, Боже мој, царе мој, и ќе го благословувам името Твое сега, секогаш и во сите векови. 2#68,19Секој ден ќе Те благословувам и ќе го фалам името Твое сега, секогаш и во сите векови. 3#48,1; 95,3; Јов 36,26Велик е Господ и достоен за голема похвала и величието Негово нема крај. 4#71,18; 78,4Од род во род ќе се фалат делата Твои и за силата Твоја ќе се прикажува. 5За велелепната слава на Твојата светост ќе зборуваат и за Твоите чудеса ќе известуваат. 6Ќе говорат и за силата на Твоите страшни дела, и ќе прикажуваат и за Твоето величие. 7Ќе ја воспеваат славата на Твојата изобилна добрина, и ќе се радуваат на Твојата праведност. 8#103,8; 111,4; 112,4Штедар и милостив е Господ, долготрпелив и многумилостив. 9#86,5Добар е Господ спрема сите, и Неговите милости се во сите Негови дела. 10#103,13.22 Нека Те прославуваат, Господи, сите Твои дела, и нека Те благословуваат светиите Твои, 11#93,1; 1 Лет 29,11и нека ја проповедаат славата на Твоето царство, а да прикажуваат и за силата Твоја. 12За да им се кажува на синовите човечки, за Твојата сила и за велелепната слава на Твоето царство. 13#102,12; 146,10; 2 Мојс 15,18; Дан 3,33; 4,30; 1 Тим 1,17; Откр 11,15Твоето царство е царство на сите векови, а владеењето Твое над сите поколенија; верен е Господ во сите Свои зборови и свет во сите Свои дела. 14#37,24; 94,18; 146,8Господ ги придржува сите што паѓаат и ги подига свитканите. 15#104,27-28; 123,2; 136,25; Мт 6,25-26; 24,45; Лк 12,42Очите на сите се управени кон Тебе, и Ти им ја даваш нивната храна навреме; 16Ти ја отвораш раката Твоја и исполнуваш сѐ што е живо со сите негови потреби. 17#18,30; 5 Мојс 32,4; 2 Сам 22,31; Дан 9,14Праведен е Господ во сите Свои патишта и свет во сите Свои дела. 18#119,151; 5 Мојс 4,7; Ис 58,9; Ер 29,13; Фил 4,6Близу е Господ до сите, кои Го повикуваат, до сите, кои вистински Го призиваат. 19#Изреки 10,24Тој им ја исполнува желбата на оние, кои се бојат од Него, ги услишува молитвите нивни, и ги спасува. 20#37,28; 97,10; Суд 5,31Господ ги пази сите кои Го сакаат, а сите грешници ќе ги истреби. 21Устата моја ќе Му искаже похвала на Господ; секое тело ќе го благословува името свето, сега, секогаш и во сите векови.
Селектирано:
Псалми 145: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: