Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 18

18
ПСАЛМ 18
Благодарност за чудесното спасение
1Те љубам, Господи, крепост моја! 2#31,2-3; 144,2; 1 Мојс 49,24; 5 Мојс 32,4; 32,15.18.37Господ е моја карпа, моја тврдина и мој избавител, Бог мој, засолниште мое, во кое се засолнувам; мој штит, сила на спасението мое и крепост моја. 3Ќе Го призовувам Господа, достоен за слава и ќе се спасам од непријателите свои. 4#116,3Јажињата на смртта ме испреплетоа, и погубни потоци ме вознемирија; 5пеколни мрежи ме заробија, смртни стапици ме стегнаа. 6Во мојот очај Го повикав Господа и кон мојот Бог извикав. И Тој од Својот свет храм го чу гласот мој, и мојот вик стигна до Неговото уво. 7#68,8; 97,2-5; 2 Мојс 19,16.18; Суд 5,4-5; 1 Цар 19,11-12; Ис 30,27-28; Авак; 3,3-13Се затресе и се разниша земјата; за­треперија и од темел се поместија горите, зашто Господ се разгневи; 8се крена дим од Неговите носници и од устата Негова пламна оган, кој проголтува сѐ; вжарени јаглења отскокаа од Него. 9#144,5Ги наведна Тој небесата и слезе, – а мрак падна под нозете Негови. 10#80,1; 99,1; 104,3И седна на херувим, па полета и се понесе на ветерни крилја. 11#97,2; 5 Мојс 4,11Од мракот направи Свој заклон, и сенка околу Себе – од густи облаци полни со вода. 12Од молскање бегаа од Него обла­ците, градот и огнените јаглења. 13#29,1-11; 77,17-18И загрме Господ од небесата, и Севишниот го пушти Својот глас: град и разгорени јаглења. 14#144,6И ги пушти стрелите Свои и ги распрсна, ги распали молњите – и ги растури. 15#2 Мојс 15,8Морските дна се појавија, и осно­вите на вселената се разоткрија од страшната закана Твоја, Господи, од здивот на носниците Твои. 16Тој посегна од висините, и ме прифати, па ме извлече од многуте води. 17#142,6Ме избави од силните мои непријатели и од оние кои ме мразат, од оние што се посилни од мене. 18Тие се кренаа против мене во денот на мојата несреќа, но Господ беше потпора моја. 19Ме изведе Тој на пространо место и ме избави, зашто ме засака. 20Ме награди Господ според мојата правда, и според чистотата на моите раце ми врати, 21зашто ги запазив патиштата на Господ и не се оддалечив од мојот Бог; 22зашто сите заповеди Негови се пред мене, и наредбите Негови не ги отстра­нив од себе. 23Бев непорочен пред Него и се пазев од беззаконија. 24И ми даде Господ според мојата правда, и по чистотата на рацете мои пред очите Негови. 25Со светиите Ти постапуваш свето, со невин човек – си благ, 26со чистиот – чисто, а со лукавиот – според неговото лукавство, 27зашто Ти ги спасуваш угнетените, а горделивите ќе ги понизиш. 28Зашто Ти го осветлуваш моето светило, Господи; мојот Бог ја осветлува темнината моја. 29Со Тебе и чети совладувам, со мојот Бог и ѕид ќе прескокнам. 30#12,6Бог мој, непорочен е Неговиот пат, Господовите зборови со оган се пречис­тени; Тој е заштитник на сите, кои се засолнуваат кај Него. 31#62,6-7; 73,26; 5 Мојс 32,15; 32,18.30-31; 1 Сам 2,2; Ис 26,4; 44,5.7Зашто, кој е Бог, освен Господ, и кој е тврдина освен нашиот Бог? 32Бог е Оној Кој ме препашува со си­ла и патот ми го расчистува. 33#5 Мојс 32,13; Авак 3,19Ми ги прави нозете како на елен и ме поставува на височини; 34#144,1ми ги обучува рацете за борба, и мускулите мои ги прави да затегнуваат бронзен лак. 35Ти ми даде заштита за моето спасение, Твојата десница ме прифати; Тво­јата поддршка ме издигна. 36Ми даваш сигурност за чекорите мои, и нозете мои не се подлизнуваат. 37Ги гонев непријателите мои и ги стигнав, и не се вратив, додека не ги победив; 38ги притиснав, и тие не можеа да станат, паднаа под нозете мои, 39зашто Ти ме препаша со сила за борба и ги собори пред мене оние, што станаа против мене; 40Ти ги натера во бегство непријателите мои, и ги истребив сите оние, што ме мразат; 41тие повикаа, но немаше кој да ги спаси: и кон Господ, – но Тој не ги чу. 42Ги иситнив како прав на ветар, ги згазив како кал по патиштата. 43#2,8-9; Откр; 2,26-28Ти ме избави од народ бунтовен, ме постави за поглавар над народ, чии луѓе не ги познавав, и тие сега ми служат; 44тие и мојот шепот го слушаат, ту­ѓинците ми се покоруваат; 45#Мих 7,17туѓинците бледнеат и треперат, излегувајќи од своите тврдини. 46#18,46Да живее Господ, и нека е благо­словена Карпата моја! И нека се величи Бог на моето спасение. 47#18,47; 47,3Бог, Кој одмаздува за мене, Кој ми ги покорува народите, 48Избавител од моите гневни не­пријатели! Ти ме возвиси над оние, што стануваат против мене, и ме избави од насилникот. 49#7,17; Рим 15,9Поради тоа Те славам пред народите, Господи, и го воспевам името Твое; 50Ти Кој му даваш величествени победи на царот Свој и му правиш милост на Твојот помазаник Давид и на потомството негово – довека.

Селектирано:

Псалми 18: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се