Псалми 37
37
ПСАЛМ 37
Напредокот на безбожниците не треба да ги ожесточува праведниците
1 #
Мал 2,17; 3,13; Изреки 23,17; 24,19 Не жести се поради злобниците и не завидувај им на оние што вршат беззаконие, 2#90,6; 92,7; 102,4.11; 103,15; 129,6; 2 Цар 19,26; Ис 40,7; Јов 14,2; Мт 6,30; Јк 1,10-11; 1 Птр 1,24зашто тие ќе се исушат како трева, и како зелје набргу ќе свенат. 3Верувај во Господ и прави добро, за да живееш на земјата и да уживаш во спокојство. 4Сета радост нека ти биде во Господ, и Тој ќе ти даде што ќе посака срцето твое. 5Довери Му го патот свој на Господ и во Него верувај и Тој ќе делува; 6#Ис 58,10и ќе ја изведе правдата твоја како светлина, и справедливоста твоја – како пладне. 7#62,5Биди кроток пред Господ и на Него надевај се. Не жести се на оној, кој успева на патот свој, на човек кој врши беззаконие. 8Воздржи се од лутина и остави ја јароста, не жести се – самиот да не правиш зло, 9#25,13зашто оние што вршат зло, ќе бидат истребени, а оние, кои се надеваат на Господ, ќе ја наследат земјата. 10#Јов 5,3; 8,15-17; 20,7-8Уште малку, и грешникот ќе го нема; ќе го побараш местото негово и нема да го најдеш. 11#Ис 57,13; Мт 5,5А кротките ќе ја наследат земјата и ќе се насладуваат во изобилен мир. 12#35,16Грешникот смислува зло против праведниот и чкрта со забите против него, 13#2,4но Господ му се потсмева, зашто однапред гледа дека му се ближи крајот. 14#7,12; 11,2Грешниците ги вадат мечевите, го оптегнуваат лакот свој за да го кутнат бедниот и сиромавиот, за да ги прободат оние што се со чисто срце. 15#7,14-16; 9,15; 57,6; Ис 33,11; Ос 8,7; 10,13; Јов 4,8; 15,35; Изреки 1,31; 5,21; 14,32; 22,7; 26,27Но мечот нивни ќе се забие во нивното срце, и лаците нивни ќе се скршат. 16#Изреки 15,16; 16,8Малото богатство кај праведниот е многу подобро отколку големото богатство на грешниците. 17Зашто мишките на грешниците ќе спласнат, а на праведниците Господ им ги поткрепува. 18#1,6; 31,7Господ ги знае патиштата на непорочните; и нивното наследство ќе биде вечно: 19во зло време нема да бидат посрамени и во деновите на глад ќе бидат сити; 20зашто грешниците ќе загинат, и непријателите Господови ќе ги снема како полска убавина, ќе исчезнат како дим. 21Грешникот зема на заем и не враќа, а праведниот е милостив и дава, 22#Мт 25,34.41зашто оние, кои Господа Го благословуваат, ќе ја наследат земјата, а оние што тој ги проколнува, ќе бидат истребени. 23#Изреки 20,24Господ ги зацврстува стапките на човекот и мили Му се неговите патишта: 24#3,5па и ако се сопне, нема да падне, зашто Господ го држи за рака. 25Бев млад, и остарев, но не видов оставен праведен човек ниту децата негови леб да просат; 26тој секој ден знае да се смилува и на заем да дава, и потомството негово ќе биде благословено. 27#34,14Клони се од зло и прави добро, па ќе живееш вечно; 28зашто Господ ја сака правдата и не ги остава верниците Свои; нив вечно ќе ги чува, а потомството на безбожниците ќе биде истребено. 29Праведните ќе ја наследат земјата и ќе живеат на неа вечно. 30Устата на праведниот кажува мудрост, а јазикот негов изговара правда. 31#5 Мојс 6,3.6; Ер 31,33Законот на неговиот Бог е во срцето негово; стапките негови нема да се сопнат. 32Грешникот го демне праведниот и бара да го убие; 33но Господ нема да го предаде во негови раце и нема да го осуди, кога ќе биде суден. 34Надевај се на Господ и остани на Неговите патишта; Тој ќе те воздигне за да ја наследиш земјата; и ќе го гледаш истребувањето на грешниците. 35#Ис 2,13; 14,13; Ез 31,10-12Видов страшен безбожник, кој се превознесуваше и издигаше како кедар леванонски. 36Поминав и, ете, го нема; го побарав, и не го најдов. 37#Изреки 23,18; 24,14Види го непорочниот, гледај го праведниот: има напредок за мирниот; 38а безбожниците сите ќе бидат истребени, нивното наследство ќе се затре. 39#9,9; 27,1Спасението, пак, на праведните доаѓа од Господ и Тој е нивни заштитник во тешко време; 40им помага Господ и ги избавува; ги избавува од грешниците и ги спасува, зашто кај Него прибегнуваат.
Селектирано:
Псалми 37: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: