Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 40

40
ПСАЛМ 40
Спасениот праведник Му благодари на Бога
1Трпеливо се надевав на Господ, и Тој се наклони над мене и ја чу мо­литвата моја, 2и ме изведе од длабината на јазот и од длабока тиња, па ги постави нозете мои на камен и ги зацврсти стапалата мои; 3#18,4; 69,2; Ер 38,6а во устата моја вложи нова песна – похвала за нашиот Бог. Мнозина ќе видат, и страв ќе ги опфати и ќе се надеваат на Господ. 4#33,3Блажен е оној човек што верува во Господ и не се обраќа кон горделивите, кон оние што застрануваат по лажни богови. 5#1,1; Ер 17,7Многу чудесни дела си направил, Господи, Боже мој, многу мисли чудесни – кој може да се спореди со Тебе!? Почнав да ги објавувам и да зборувам за нив, но тие број немаат! 6#35,10; 71,15; 139,17-18; Јн 21,25Жртви и приноси Ти не бараш, но ушите ми ги отвори; сепаленица и жрт­ва за грев Ти не побара. 7#50,8-10; 51,16-19; 69,30-31; Ос 6,6; Амос 5,22Тогаш реков; еве, идам; во свитокот на книгата за мене е напишано; 8#Јн 5,39со задоволство ќе ја исполнам волјата Твоја, Боже мој; Твојот закон е во срцето мое. 9Ја објавив Твојата правда во големото собрание; не ѝ бранев на устата моја; Ти го знаеш тоа, Господи. 10#35,18; 107,32Твојата правда не ја сокрив во срцето мое, ја објавив верноста Твоја и спа­сението Твое; и не ги затаив Твојата милост и Твојата верност од собранието. 11#78,4Но, Господи, не отстранувај го милосрдието Твое од мене; Твојата ми­лост и Твојата верност нека ме пазат постојано, 12#25,21зашто зла безбројни ме опкру­жија; ме притиснаа беззаконијата мои, и не можев дури ни да гледам, – тие се по­веќе од влакната на главата моја; а и срцето мое ме остави. 13#6,7; 38,4.10; 69,4Благоволи, Господи, да ме изба­виш; Господи, побрзај ми на помош! 14#22,19; 70,1-5Нека се засрамат и нека поцрвенат сите, кои бараат да ја погубат душата моја! Нека бидат вратени назад и нека бидат предадени на потсмев оние, кои ми сакаат зло. 15#35,4.26Нека се скаменат од срам оние, кои сакајќи да ми се наругаат велат: „Аха! Аха!“ 16#35,21.25А нека се зарадуваат и нека се развеселат во Тебе сите, кои Те ба­раат, и оние што сакаат спасение од Тебе непрестајно нека зборуваат: велик е, велик – Господ! 17#35,27; 69,6.32; 104,1А јас сум сиромав и беден; но Гос­под се грижи за мене. Ти си помош­ник мој и заштитник мој, Боже мој, не задоцнувај.

Селектирано:

Псалми 40: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се