Псалми 42
42
ВТОРА КНИГА
ПСАЛМ 42
Копнеж за светилиште во туѓа земја
1Како што кошутата копнее по водни извори, така и душата моја, Боже, копнее по Тебе! 2#63,1; 84,2; Ис 26,9; Јоил 1,20; Јн 4,10Душата моја жедува за Бога, за живиот Бог: кога ќе дојдам и ќе го гледам лицето Божјо? 3#36,9; 63,1; 84,2; Јн 4,10-14; 7,37; Пс 11,7; 17,15; 27,4; 63,2; 84,7; 2 Мојс 23,15.17; Ис 1,12; Плач 2,4Солзите мои беа леб за мене и дење и ноќе, кога секој ден ми зборуваа: каде е твојот Бог? 4#79,10; 115,2; Мих 7,10; Мал 2,17Се сетив на тоа и ја излив душата своја: како чекорев со мноштвото, ги предводев до Божјиот дом – при гласно воскликнување и прославување, како на голем празник. 5#62,8; 102,1; 142,2; 1 Сам 1,15; 27,4Зошто тагуваш, душо моја, и зошто си вознемирена? Надевај се на Бога, бидејќи јас пак ќе Го славам мојот Помошник, мојот Бог. 6#43,5; Јн 12,27Тагува душата моја во мене, поради тоа ќе си спомнувам на Тебе од земјата Јорданска, од Ермон и од гората Мицар. 7#Плач 3,20Бездна повикува бездна со гласот на Твоите водопади; сите Твои води и Твои бранови навалија на мене. 8#32,6; 69,2; 88,7; Јона 2,4Дење Господ ми ја покажува милоста Своја, а јас ноќе ќе Му пеам и ќе Му се молам на Бога на мојот живот. 9Ќе Му речам на Бога: Ти си моето засолниште. Зошто ме заборави? Зошто одам нажален додека непријателот ме притиска? 10#18,2; 43,2Трошејќи ги коските мои, непријателите мои се подигруваат со мене, велејќи ми секој ден: каде е твојот Бог? 11Зошто тагуваш, душо моја, и зошто си вознемирена? Надевај се на Бога, бидејќи Него јас пак ќе Го прославувам, мојот Помошник, мојот Бог.
Селектирано:
Псалми 42: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: