Псалми 48
48
ПСАЛМ 48
Радоста на Сион поради Божјата помош во војна
1Голем е Господ и многу фален во градот на нашиот Бог, на Својата света гора. 2#96,4Прекрасна возвишеност, радост на целата земја е гората Сион; на северната страна нејзина е градот на големиот Цар. 3#Мт 5,35Бог, Кој е во Неговите тврдини, се покажа како сигурна одбрана. 4#9,9; 18,2; 46,7.11; 59,9.16-17; 62,2.6; 144,2Зашто, ете, се собраа царевите земни и сите дојдоа заедно, 5па, откако видоа, се восхитија, се стаписаа и збунети побегнаа: 6#68,12страв ги опфати таму, па се мачеа како жена родилка; 7#2 Мојс 15,14; Ис 13,8; 21,2; Ер 4,31; 50,43; 1 Сол 5,3; Јн 16,21како силен ветар што ги разбива таршишките кораби. 8Како што чувме, така и видовме во градот на Господ Саваот, во градот на нашиот Бог: Бог го основа за довека. 9Ја спомнуваме, Боже, милоста Твоја среде храмот Твој. 10Името Твое, Боже, како и Твојата слава досегаат до краиштата на земјата: Твојата десница е полна со победа. 11#113,3; Мал 1,11Нека се весели гората Сион, и да се радуваат јудејските ќерки заради Твоите судови. 12#97,8Одете околу Сион и обиколете го, избројте ги кулите негови. 13#Ис 26,1; 33,20-21Видете ги бедемите негови, разгледајте ги неговите дворци, за да му раскажете на идниот род, 14#78,4дека овој Бог е наш Бог во сите векови: Тој ќе ни биде пастир вечен.
Селектирано:
Псалми 48: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: