Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 52

52
ПСАЛМ 52
Праведникова утеха
1 # 1 Сам 21,8; 22,8-9 Зошто, се фалиш, силнику, со па­кост? Беззаконија вршиш по цел ден! 2Јазикот твој погубни работи измислува; како наострен брич ти е – сплет­кару! 3Ти повеќе го засака злото отколку доброто, лагата, отколку вистината, 4ти, лукав јазику, засака секакви по­губни зборови! 5#Ер 4,22; 9,3; Јн 3,19-20Поради тоа Бог, до крај ќе те униш­ти, ќе те истргне и ќе те искорне од жи­веалиштето твое, и коренот твој – од земјата на живите. 6Ќе видат праведните, ќе се упла­шат и ќе му се потсмеваат, па ќе речат: 7#28,5; Ис 22,17-19; Јов 18,14; Изреки 2,22„Ете човек, кој немаше прибе­жиште во Бога, туку имаше верба во големото богатство свое, и побара прибежиште во благосостојбата!“ 8#40,3А јас, пак, сум во Божјиот дом како плодна маслина и се надевам на милос­та Божја во сите векови. 9#1,3; 92,13; Изреки 11,28Вечно ќе Те славам за она што го направи, и ќе Го величам името Твое, пред светиите Твои, зашто тоа е добро.

Селектирано:

Псалми 52: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се